Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Рекорден број Американци се жалат на корупција

7 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Дури 89% од возрасните Американци сметаат дека корупцијата во владата е широко распространета, според ново истражување на агенцијата „Галуп“. Тоа е пораст од 10% во однос на лани и далеку над просекот од 72% до 79% во периодот од 2010 и 2025 година.
  • Перцепцијата кај демократските гласачи за владината корупција бележи најголем пораст од 57% на 91%, а меѓу републиканците е стабилизирана на натпросечно високи 83%.
  • Сè уште нема целосни анализи на новите анкети на Галуп спроведени во 38-те земји од ОЕЦД, но се очекува САД да бидат на врвот. Просекот во ОЕЦД лани бил 59%, што е пад за 10 процентни поени од 2009 година.
  • Од 2023 година, кога почнаа глобалните истражувања на Галуп, само четири од вкупно 132 земји имале повисок процент на перцепирана корупција од САД денес – 92% во Либан во 2024 и во Перу во 2025 година, и 90% во Гана и во Нигерија во 2024 година.
  • Впечатливо за САД, за разлика од повеќето други земји, е што граѓаните немаат изедначен став за корупцијата во владата и во бизнисот. Додека 89% сметаат дека е присутна во владините институции, 71% ја чувствуваат во бизнисот, за 8% повеќе отколку лани.
извор

Трамп сакал да му продаде американско оружје на Си

28 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Доналд Трамп го прашал Си Џинпинг дали Кина сака да купи американско оружје, изјави амбасадорот на САД во Пекинг, Дејвид Пердју. Не прецизира дали понудата ја дал на самитот во Вашингтон пред неколку дена или во Пекинг во мај. 
  • „Претседателот Трамп постојано вели дека САД продаваат оружје низ светот. Тој всушност во еден момент го праша претседателот Си дали би сакал да купи“, изјави Пердју за Фокс њуз.

  • „Законот на САД забранува продажба на оружје на Кина и не постои понуда или план за продажба на оружје на Кина“, соопшти Стејт департментот.
  • Спроти самитот во мај, Трамп ја одложи продажбата на пакет американско оружје за Тајван во вредност од 14 милијарди долари како „добар адут за преговори“ со Пекинг.
  • Пердју потврди дека САД не ја промениле својата политика во однос на Тајван: го почитуваат ставот на Пекинг „Една Кина“, но во исто време му даваат безбедносна поддршка на Тајпеј.
извор

ЕУ отвора забрзан пат за четири кандидати, ние не сме меѓу нив

28 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Европската Унија првпат планира да одреди целни датуми за завршување на клучните фази од преговорите за пристапување со Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија, изјавија за Политико функционери од Брисел.
  • Овој пристап содржи „патокази“, кои појасно ќе дефинираат што точно се очекува од секој кандидат. Во исто време ќе се дефинираат и обврски за сегашните членки на ЕУ, кои треба да дадат согласност за да продолжи процесот.
  • На другите земји-кандидати кои се во „порана фаза од процесот“, како Косово, Македонија и Босна и Херцеговина, нема да им бидат понудени овие патокази. Истото важи и за Грузија, Србија и Турција.
  • Ревизијата на политиките, предводена од Александар Адам, близок советник на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, треба да биде претставена на 6 октомври, а шефовите на држави од ЕУ ќе расправаат за темпото за прием на нови членки на самитот во Брисел на 15 и 16 октомври.
  • Фон дер Лајен оваа недела оди на турнеја низ Западен Балкан на разговори со лидерите на Црна Гора, Албанија, Македонија и Косово. Ќе ги заобиколи Босна и Херцеговина и Србија, кои се пред избори. 
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Вака се дава отказ!

Мешано
2

Природата на Македонија бара Милевски да си оди

Фудбал
3

А вие за Гоце се чудите

Балканштина
4

Русјаков: Можеби не сме спремни за војна, ама ќе ја пречекаме дотерани

5

Бугарија добро одигра со батериите

Балкан
6

Техничка поддршка за „Блокадери“

Балканштина
7

Која е Трамповата елитна дипломатка во Атина?

Балкан
8

Српски коментаторски таленти 5

Балканштина
1

Русјаков: Можеби не сме спремни за војна, ама ќе ја пречекаме дотерани

2

Бугарија добро одигра со батериите

Балкан
3

Која е Трамповата елитна дипломатка во Атина?

Балкан
4

ЕУ отвора забрзан пат за четири кандидати, ние не сме меѓу нив

5

САД си заминаа од Ирак, Курдите нека се снаоѓаат со хаосот

Свет
6

Израел знае да биде и маќеа

Свет
7

Швајцарците отфрлија строга неутралност

8

„Кенгур се враќа дома“ од 1 октомври во македонските кина

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Балканштина

Српски коментаторски таленти 5

Македонштина

Во „Медена земја“, Медена 57-ца

Балканштина

Ужасите на „Мој термин“

Балканштина

Леле бе, како ќе се разбереме со овие луѓе

Македонштина

Ќе живее овој народ

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Invest in grammar

Како наскоро ќе изгледа автобус на ЈСП?

Бугарскиот народ се наполни со багра

Повторувањето не е мајка на „Северна Македонија“

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy