- Рускиот претседател објави дека ќе се кандидира на претседателските избори закажани за март 2024.
- Процената е дека Путин ја има поддршката од мнозинството и дека ќе победи и на овие избори.
- Рускиот претседател објави дека ќе се кандира на изборите закажани за 17 март за време на церемонијата во Кремљ за доделување ордени на воените ветерани од војната во Украина.
- Првиот претседателски мандат на Путин започна во март 2000-та. Доколку победи, тој ќе остане на власт до 2030 година.
- Путин има 71 година.
- После 25 години растење во еден од најјаките музички фестивали во Европа, Егзит се сели од новосадската Петроварадинска тврдина во Египет.
- Во партнерство со светски познатата продуцентска куќа за настани, Venture Lifestyle, организаторите на Егзит потпишале договор за египетска компанија, догодина фестивалот да се одржи на просторот пред египетските пирамиди.
- На ваков чекор се решиле после долгогодишни политиички притисоци во Србија каде беа користени за политички пресметки а им беше укинато и институционaлното финансирање.
- Финска официјално ги извести Обединетите нации дека се повлекува од Конвенцијата од Отава за забрана на противпешадиски мини. Одлуката ќе стапи на сила по шест месеци, во јануари 2026 година.
- Уште четири членки на НАТО - Литванија, Летонија, Естонија и Полска, најавија дека ќе се повлечат од меѓународниот договор за забрана на мини, поради „зголемена воена опасност“ од својот сосед Русија. Украина се повлече и ги користи во војната.
- Финска и Литванија најавија дека од 2026 година ќе почнат домашно производство на мини за сопствени потреби и за да ѝ ги доставуваат на Украина.
- „Финска мора, заради безбедноста на залихите, да има сопствено производство. Тие се многу ефикасно и евтино оружје“, изјави шефот на парламентарниот комитет за одбрана Хеики Ауто. Тој додаде дека Финска имала 1 милион противпешадиски мини пред да ѝ се приклучи на меѓународната конвенција во 2011 година.
- Литванскиот заменик министер за одбрана Каролис Алекса изјави дека неговата земја ќе потроши стотици милиони евра за поттикнување производство на противтенковски и противпешадиски мини.