Пумпале отпадни води во градскиот водовод на Гостивар
17 јули 2026
- Агенцијата за храна и ветеринарство забрани употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради сомнение дека е загадена.
- Над 1.200 жители на Гостивар во изминатите неколку побарале медицинска помош во Градската болница поради стомачни тегоби и повраќање.
- Проблемот е пријавен и во Секторот за внатрешни работи Тетово, кој утврдил основи на сомневање дека Јавното претпријатие „Водовод“, во соработка со Општина Гостивар, поставило три пумпи во корито на истечни отпадни води, преку кои полнело вода директно во главниот цевковод што го напојува градот.
- Се претпоставува дека ова било направено за да се зголеми притисокот во мрежата поради недостиг на вода за пиење, со што директно се загрозува здравјето на граѓаните на Гостивар.
- „Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, поради сомнение за сторено кривично дело Загадување на вода за пиење, предвидено и казниво по член 219 од Кривичниот законик“, соопшти СВР Тетово.