Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Протоколот се крие, а таму се желбите на Бугарија

2 јули 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Протоколот се крие, иако е дел од пакетот кој треба Владата да го одобри заедно со прифаќањето на францускиот предлог, пишува А1он.
  • Владата посочува дека тој не е дел од преговарачката рамка бидејќи во нејзе не е експлицитно наведен со името „протокол.“
  • Она што засега е официјално познато е дека од протоколот произлегува обврската за уставни измени, менување учебници, натписи на споменици, говорот на омраза во медиумите и социјалните мрежи...
  • Во протоколот, според неофицијални информации, Македонија ќе ги исполнува желбите на Бугарија, но во него нема никаква гаранција дека Македонија нема повтрно да биде блокирана за пристап во ЕУ.
извор

Сенатор: Убавината е да им плаќаме на Украинците да убиваат Руси

15 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
  • Галего, кој пред да влезе  во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
  • „'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
  • Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.
извор

Здружените италијански мафии ја засилиле соработката со албанската

14 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Трите најголеми италијански мафијашки групи формирале нов сојуз, кој ја засилил соработката со албанската мафија за трговија со дрога. „Најновите истраги открија стабилни и стратешки односи меѓу организации од Калабрија со Албанците“, изјави Никола Пјаченте, главниот обвинител на Џенова.
  • Сицилијанската Коза ностра, калабриската Ндрангета и неаполската Камора ја препознале штетата од меѓусебните војни и формирале сојуз „Хидра“ за да го зголемат профитот од своите криминални активности, без да ја жртвуваат автономијата.
  • „Јасно е дека исчезнуваат историските разлики меѓу мафијашките организации, дури и во трговијата со дрога“, заклучува во нов извештај националниот обвинител за борба против мафијата, Џовани Мелил.
  • Проширена е и соработката со криминални групи од Кина за меѓународни исплати преку паралелен систем за трансфер на пари познат како „хавала“.
  • Парите од шверц на дрога од Јужна Америка ги перат преку инвестиции во градежништво, фирми за управување со отпад и супермаркети.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Здружените италијански мафии ја засилиле соработката со албанската

2

Македонските полицајци добиваат дополнителна интелигенција

3

Јакуза изгуби битка со јапонската бирократија

Занимливости
4

Брисел слушна за Мууукедонија

Македонштина
5

Волк на скромна македонска софра

Разно
6

На некој да не му фали Волво?

Македонштина
7

Не се закачајте со Гоца

Балканштина
8

Рубио го истера Хуанг подалеку од Трамп

Свет
1

Здружените италијански мафии ја засилиле соработката со албанската

2

Македонските полицајци добиваат дополнителна интелигенција

3

Јакуза изгуби битка со јапонската бирократија

Занимливости
4

Рубио го истера Хуанг подалеку од Трамп

Свет
5

Договорен историски самит Си-Трамп-Путин во Кина

6

Изборот на единствен лидер е невозможна мисија за Европа

Свет
7

Путин умира, Русија ја напаѓа Естонија, НАТО губи

Свет
8

Технички дефект ги парализираше сите авионски летови во САД

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Од животот на еден тезгарош

Македонштина

Брисел слушна за Мууукедонија

Македонштина

На некој да не му фали Волво?

Разно

Волк на скромна македонска софра

Балканштина

Потопување Мисици

Балканштина

Не се закачајте со Гоца

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Р'ѓаме, и тоа е

Како ја правевме "London Calling"

Године су прошле пуне мука

Лажниот принц го испраќа својот витез

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy