- Вонредниот инспекциски надзор на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам во Општина Маврово и Ростуше покажало дека голем дел од потврдите за градби вон урбанистички планови биле незаконски потпишани од градоначалникот Медат Куртовски.
- Во последните пет месеци тој има потпишано триесетина такви решенија, на што реагираше и здружението Спас за Маврово.
- Инспекторите утврдиле дека од Медат Куртовски незаконски биле потпишани урбанистичките проекти за Миас фаворите, Глобал Балкан, Луан Мусаи… Сите овие решенија се однесуваат главно на градби околу Мавровското Езеро, апартмани, хостели, традиционални куќи за потребите на туризмот, згради со апартмани и студија…
- На 19 март, Садредин Елезовски, началник на Секторот за урбанизам на општината, во Скопје беше фатен како прима мито.
- Ангел Сарамаков ов Велес, полицаец и човек од обезбедувањето на премиерот бил уапсен на паркинг пред хотел во Велес. Во возилото пронајден е ранец со службени материјали од МВР а со дополнителни претреси на повеќе локации, пронајдени се и одземени електронски уреди, службени документи и други предмети релевантни за истрагата.
- Ќе му биде поднесена кривична пријава за делото „оддавање службена тајна“.
- Се тврди дека Сарамаков со службените тајни тргувал со лица од кланот Грчец.
- Тој повеќе пати бил пријавуван кај внатрешната контрола, бил деградиран, а лично се жалел и во Државната комисија за спречување дискриминација. До април 2024 при СВР Велес тој работел како виш инспектор по имотни деликти, а од април како инспектор за увиди во крим техника.