Пресуда на невладините: Пет влади од ЕУ го уриваат владеењето на правото
31 март 2026
- Бугарија, Хрватска, Унгарија, Италија и Словачка активно спроведуваат регресивни политики и „упорно и намерно“ го еродираат владеењето на правото.
- Заклучокот е изведен од наводи на преку 40 невладини организации во 22 земји.
- Во Словачка и Бугарија има назадување во сите области - правда, борба против корупцијата, слобода на медиумите и контрола и рамнотежа на граѓанското општество.
- Унгарија е вон конкуренција а Чешка, Естонија, Грција, Ирска, Литванија, Холандија, Романија и Шпанија стагнираат.
- Само Латвија заслужува пофалби заради активното подобрување на стандардите за владеење на правото.