- Претседателот на здружението Градиме иднина од Скопје, Илија Јовановиќ, тврди дека за 40 години на мајки им се одземени повеќе од 45 до 50 новороденчиња, по кои уште се трага.
- Вели дека овие случаи ги истражувал 40 години и дека е време да се отвори Пандорината кутија. За обвинувањата тврди дека има докази и изјави од родители, но и дека соработува со обвинителството за нивно решавање.
- Еден од примерите кои ги пренесув МКД.мк: Мајка родила бебе во 1980 година и трага повеќе од 32 години по своето машко дете, кое го роди, здраво живо родено. Мајката додека била во болница не ѝ го носеле да го дои во собата на родилката, сестрите им кажувале да доаѓаат во други соби да ги дојат нивните бебиња. Мајките ги доеле своите бебиња на секои 4 часа. Мајката требаше за 4 дена да си замине со бебето дома, пред да си замине мајката дома сестрата ѝ рекла покасно да дојде да го дои бебето и од тука веќе му се губи трага на здраво машко дете. Друга жена ја застанала мајката и ѝ рекла дека рано утрото е изнесено и му е дадено машко бебе на друго лице, доктор од Охрид што немал дете, на 40 годишна возраст. Педијатарот ѝ рекол на мајката дека бебето престанало да дише, снемало боја. Ја известиле мајката дека докторите дале сѐ од себе да го спасат бебето, за жал тоа починало. Докторите од Државна болница ја известиле дека бебето било однесено на обдукција. Ова семејство не добило ниту отпусна листа, никаков извештај од направена обдукција, умреница исто не добиле, ни картон од бебето што било родено, Ова семејство живее во Канада.
- Иран не може да најде доволно купувачи за својата сурова нафта пред да истече рокот за слободен извоз од 60 дена, согласно Меморандумот за разбирање со САД.
- Техеран на 1 јули соопшти дека испорачал над 40 милиони барели сурова нафта откако САД ја укинаа поморската блокада. Но, повеќе од 20 милиони барели се во азиските води подолго од седум дена, што е зголемување од речиси 18% во однос на претходната недела.
- Според извори на Блумберг, јасна дестинација немаат 90% од танкерите на кои се натоварени 58 милиони барели иранска нафта. Официјално се водат како „за нарачка“ или пловат кон Сингапур, со надеж дека ќе договорат извоз.
- Главна причина е намалената побарувачка на големиот азиски пазар, кој очекува испорака на нафта од другите земји од Персискиот Залив. Кина, најголемиот увозник на иранска нафта пред војната, го преполовила увозот на 654.000 барели. Само еден ирански танкер истоварил нафта во Кина во изминатата недела. Индија чека конечен договор и целосно укинување на санкциите за да прави долгорочни нарачки.
- Ограничувањата на Европската Унија и Британија сè уште се на сила. „Купувачите остануваат претпазливи дека Вашингтон би можел повторно да воведе санкции ако преговорите пропаднат“, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент.
- Сè уште убеден дека Иранците го мразат своето раководство, Доналд Трамп бил изненаден од снимките како милиони луѓе плачат на погребот на нивниот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи. „Можеби се лажни солзи“, изјави Трамп за Аксиос, коментирајќи ги сцените.
- Говорејќи за масовноста на собирот, Трамп истакна дека САД можеле со еден проектил да го елиминираат целото иранско раководство. „Сите се таму. Еден истрел и можеме да ги елиминираме сите, но нема да го направиме тоа бидејќи тогаш не би имале со кого да преговараме“, рече Трамп.
- Десетици милиони луѓе низ целата земја му изразија последна почит на Али Хамнеи, убиен со проектил во првите моменти од војната што САД и Израел му ја објавија на Иран.
- Повеќе од 6 милиони луѓе присуствувале на молитвениот комплекс Големата Мосала во центарот на Техеран, каде што беше положено телото на ајатолахот.
- Во метрото во Техеран во саботата бил регистриран рекорден број од 9 милиони патувања. Уште многумина пристигнале на церемониите со сопствен превоз.