- Најскапиот спонзориран пост на премиерот е платен 4.000 евра и е повик за заследување на неговата страница. И покрај овие пари, бројките не се пораснати драматично, па тој до сега има 4.670 следбеници на Инстаграм и 41.000 на Фејсбук. Петте најспонзорирани постови не комуницираат никаква услуга или владина политика.
- На овие постови како спонзори се јавуваат СДСМ, владата и други средства за кои што не постојат податоци за крајните уплаќачи.
- Во истрагата што ја спроведува ИРЛ, се открива дека содржините на профилот кој е личен, а не во сопственост на владата, се креираат од лицата ангажирани во владата. Тимот на Ковачевски е првиот владин тим којшто воведе спотови во којшто премиерот е главен протагонист кој се бори за подобар свет и поубав живот.
- ИРЛ идентификуваше тим од најмалку 36 лица редовно или хонорарно ангажирани во владата чии што задолженија вклучуваат креирање на соопштенија за медиумите, агендата на премиерот, местата кои што ќе ги посети, дистрибуираат медиумски текстови придружени со видеа и галерии, снимање, монтажа и продукција на видеа, смислување на постови, кампањи, постирање на социјални мрежи, координирање на тимовите итн.
- Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
- Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
- Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
- Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
- Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
- Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
- Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
- Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
- На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.