Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Порошенко против „кавгаџиската дипломатија“ на Зеленски

21 февруари 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Веднаш штом Трамп му го оспори легитимитетот на Володимир Зеленски, во игра се уфрли поранешниот украински претседател Петро Порошенко, кој  најавува „помека“ дипломатија, со јасни амбиции да се врати на функцијата.
  • Зеленски треба да за запре со „стадионското однесување“ кон Доналд Трамп. Таквата битка не е во полза на Украина, колку и да се елоквентни аргументите. За дискусии со Трамп се потребни дипломатска умешност, трпение и смиреност, не да се реагира на секоја негова изјава, порачува Порошенко.
  • „Кралот на чоколадите“ на изборите во 2019 година загуби дебело од комичарот Зеленски. Сега му е главен противкандидат, иако Киев му ги замрзна средствата и отвори низа истраги за корупција, дури и за „соработка со проруските сепаратисти“.
  • Порошенко се согласува дека Украина не може да спроведе избори додека војува со Русија, но предлага да се формира „влада на национално единство“, која би можела да биде вклучена на мировните преговори што ги водат Вашингтон и Москва.
извор

Артемис 2: Човекот отпатува најдалеку од Земјата досега

7 април 2026
  • Share
  • Post
  • Четворицата астронаути од мисијата „Артемис II“ на НАСА - Рид Вајсман, Виктор Гловер, Кристина Кох и Џереми Хансен - вчера беа подлабоко во вселената од кој било човек досега. Заобиколувајќи ја Месечината, тие беа oддалечени 406.778 километри од Земјата.
  • Досегашниот рекорд (400.171 километар) го држеше екипажот на мисијата Аполо 13 од април 1970 година.
  • Во моментите на прелетување, НАСА емитуваше снимена порака од Џим Ловел - астронаутот од Аполо 13, кој почина лани на возраст од 97 години: „Ова е историски ден и знам колку ќе бидете зафатени, но не заборавајте да уживате во погледот... со среќа и со Божја помош.“
  • Летајќи 40 минути од скриената страна на Месечината, без радио-контакт со контролата на летот, астронаутите ја снимале површината и имале ретка можност да видат помрачување на Сонцето.
  • Капсулата Орион сега се движи кон Земјата. Во петок треба да навлезе во атмосферата со 40.230 километри на час, побрзо од кој било лет со човечки екипаж досега, и да се спушти во Пацификот.
  • Следната мисија Артемис 3 ќе тестира техники на спојување во ниска орбита, како подготовка за Артемис 4 во 2028 година, со прво спуштање на астронаути на Месечината по 1972 година. 
извор

Трамп: Луѓето во Иран сакаат да слушаат бомби...

6 април 2026
  • Share
  • Post
  • Доналд Трамп вели дека воената акција во крајна линија им помага на луѓето во Иран бидејќи „тие сакаат да слушаат бомби бидејќи сакаат да бидат слободни“.
  • Убеден е дека Иранците не се на улиците за да протестираат како што се надеваа дека ќе биде израелските тајни служби, затоа што „ќе бидат застрелани од режимот“. Кога ќе им престане стравот и кога ќе имаат оружје, ќе излезат.
  • За соборениот американски Ф-15, тврди дека Иранците имале среќа. 
  • Претходно, Иран го одби американсккиот план за примирје доставен преку Пакистан и понуди свој план од 10 точки порачувајќи дека не ги интересира примирје туку траен мир. 
  • Меѓу другите барања на Техеран се прекинување на регионалните непријателства, воспоставување протокол за безбеден премин низ Ормутскиот теснец, реконструкција на земјата и укинување на санкциите.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Еден обичен ден во Скопје

Македонштина
2

Се сретнале двајца научници на Фејсбук

Балканштина
3

Велешани некогаш даваа гемиџии, денес немаат јајца

4

Го докопаа

Балканштина
5

Стан во кој нема да сте сами

Македонштина
6

Хрватски машиновозач со 11 смртни случаи

7

Ни во вселената не се наоѓа добар водоводџија

8

Психопатијата си најде нов непријател

Мешано
1

Велешани некогаш даваа гемиџии, денес немаат јајца

2

Хрватски машиновозач со 11 смртни случаи

3

Ни во вселената не се наоѓа добар водоводџија

4

Пентагон ги крие жртвите

Свет
5

Курдите го украле оружјето од САД за иранските демонстранти?

Свет
6

САД и Иран разговараат за 45-дневно примирје

7

Израел им се заканува на христијани да не кријат шиити

Свет
8

На Блискиот Исток да не си ништо, најмалку дете

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Еден обичен ден во Скопје

Балканштина

Го докопаа

Балканштина

Се сретнале двајца научници на Фејсбук

Македонштина

Стан во кој нема да сте сами

Балканштина

Како во Србија се навива за ректор

Балканштина

Сељачење на висока нога

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

(Тука наслов) !!!!

Борисов, и нас особено нè заболе

Ни стигна висока делегација од Италија

Моќта го вади од тебе тоа што си

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy