Поранешниот гангстер Двејн „Кефе Д“ Дејвис е прогласен за виновен за организирање на убиството на Тупак Шакур во Лас Вегас на 7 септември 1996 година.
Тупак Шакур беше смртно застрелан на 7 септември 1996 година од бел кадилак во движење, кога раперот беше на врвот од својата кариера. Убиството го промени хип-хопот и го направи Тупак културна икона.
Дејвис не пукал во Тупак, но поранешниот водач на уличната банда Саут Сајд Комптон Крипс, го организирал убиството и го дал пиштолот со кој неговиот внук Орландо Андерсон го убил раперот. Андерсон бил вмешан во тепачка со Тупак и со неговата придружба само неколку часа претходно.
Ова е прва судска пресуда за една од најголемите мистерии во поп-културата воопшто. Со децении се изнесуваа безброј теории, но никој не беше уапсен сè до 2023 година, кога Дејвис беше неочекувано обвинет за убиството.
Сите други лица што биле во белиот кадилак, вклучувајќи го и првоосомничениот Андерсон, веќе се починати.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.