- Само што го направил првиот чекор на слобода Акиф Равманоски помилуваниот припадник на нарко кланот Барон повторно добил лисици на раце. Излегол од Идризово со документот дека е помилуван од претседателката за казната за оружје но сега му се заканува враќање зад решети во Шутка затоа што обивнителството бара притвор поради истрага за убиство во обид.
- Осомничен е дека пред 10 дена во Чаир го застрелал во нога роднината на Исмаил Рогачи кој се бара со меѓународна потерница и е дел од кланот Грчец. Покрај за ова дело осомничен е и за учество во тепачка.
- СДСМ смета дека апсењето на Равмановски е обид на власта да го покрие скандалот со помилувањето и да ја амортизира штетата.
- Фокус дознава дека министерството за правда дало негативно мислење за помилувањето. Актуелниот министер Игор Филков вели дека се работи за подметнување „кукавичко јајце“ бидејќи мислењето од правда било испратено уште додека министер бил Кренар Лога.
- Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
- Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
- Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
- Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
- Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
- Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
- Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
- Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
- На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.