Полската европратеничка Ева Зајачковска-Херник ја нападна одлуката на Зеленски да ја рехабилитира паравоената организација УПА која во времето на Втората светска војна соработуваше со нацистичките СС единици.
Зеленски најави дека една воена единица ќе го носи името „Хероите на УПА“. Украинците ја сметаат Украинската бунтовничка армија за симбол на отпорот против Москва. Во Полска е омразена поради учеството во масакрот врз околу 100.000 Полјаци кон крајот на Втората светска војна - чин што се смета за геноцид.
„Кога Германците би именувале воена единица ‘Херои на СС’ и би подигнале споменици на Хитлер, Химлер, Гебелс и Ајхман, дали би ги поканиле во ЕУ? Не. Би ги нарекле неонацисти – и тоа со право... Нема морална разлика меѓу величањето на СС и на УПА, бидејќи двете организации биле втемелени врз ист култ на моќ и етничка омраза“, изјави Зајачковска-Херник.
„Маршот на Украина кон Европа под знамињата на геноцидот е срам. Како Полјаци, никогаш не требаше да се согласиме Украина да влезе во Европа“, додаде европратеничката и на крајот од обраќањето го искина црвено-црното знаме на УПА.
Поради обидите за рехабилитирање на УПА, полскиот претседател Карол Навроцки неодамна му го одзеде на Зеленски највисокото државно одликување - „Орденот на Белиот орел“.
Меѓународниот кривичен суд ја затвори долгогодишната истрага за злосторства извршени од американските сили во Авганистан по 2003 година.
Првичната истрага беше одобрена пред шест години, но долго време беше замрзната. Судскиот совет сега заклучи дека Обвинителството повеќе не е способно ефективно да спроведува истраги и да обезбедува докази, што дополнително се усложнува поради времето што изминало од извршувањето на наводните злосторства.
Ќе продолжи посебен случај „Ситуацијата во Авганистан II“, кој се фокусира на наводни злосторства на талибанците по август 2021 година, вклучително и прогон на жени и девојчиња. Меѓународниот кривичен суд веќе објави налози за апсење на високи талибански лидери.
САД не се членка на МКС и ја отфрлаат неговата надлежност врз американските државјани. Вашингтон воведе санкции против судии и обвинители откако Судот објави меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поврзана со злосторства во Газа.
Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела го обвини Судот дека „го користи меѓународното право како инструмент на глобалните елити“.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.