Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Почина Виктор Мизрахи, човекот кој ги прозва Колозова, Малески, Маричиќ...

1 септември 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • По кусо боледување почина Виктор Самуел Мизрахи, долгогодишен претседател на Еврејската заедница во Република Македонија.
  • Роден во Скопје во 1950 година во еврејско семејство кое загубило стотина членови по бугарската фашистичка депортација на македонските Евреи во Втората светска војна, Виктор Мизрахи активно учествуваше во реализацијата и изградбата на единствениот сефардски Меморијален центар на холокаустот на евреите од Македонија и во поставувањето на спомен обележје на депортираните македонски Евреи во меморијалната поставка во Треблинка, потсетува Еврејската заедница во Македонија.
  • Пред неполн месец, Мизрахи напиша отворено писмо против обидите за менување на историјата, особено за текот на бугарската окупација на Македонија и депортацијата на македонските Евреи во Треблинка.
  • „Колозова и Малески, Османи, Ковачевски, Маричиќ, пратеници, бугарските војски не беа ослободители, а Евреите не ги депортираа Македонци“.
  • „Не праќајте ги Евреите во гасните комори по втор пат. Не горете ја пепелта по втор пат. Не менувајте ја историјата за да постигнете ваши политички или материјални цели.  Кој ќе ја заборави историјата, нема да постои. А вашите политички цели нема да се исполнат. Македонскиот народ нема да заборави ниту да го прости ова“.
извор

Маск чести: По 1 акција од SpaceX за секое дете во САД

19 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Илон Маск објави дека во 2027 година ќе подари по една од своите акции во SpaceX на секое дете во Америка. 
  • Според Бирото за попис, во САД има нешто повеќе од 72 милиони лица помлади од 18 години.
  • Ако под поимот „дете“ подразбира малолетник, Маск ќе подари околу 10,5 милијарди долари, сметајќи според актуелната цена на акциите на SpaceX од 146 долари.
  • Маск лично поседува 6,4 милијарди акции на SpaceX.
  • Неговото ветување се надоврзува на иницијативата Trump Accounts, со која администрацијата на Трамп најави дека ќе им отвори инвестициски сметки на сите деца во САД, со почетен влог од 1.000 долари за оние родени помеѓу 2025 и 2028 година.
  • А, пред само еден ден во статијата „Маск печали и од сопствената добротворна фондација“ објавивме колку Маск ја презира и ја злоупотребува филантропијата.
извор

Од март камери ќе наплаќаат патарина во Хрватска

19 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Од први март следната година започнува со работа новиот систем за наплата на патарини на сите автопатишта во Хрватска. 
  • Во моментов се поставени 120 портали а вкупно ќе ги има 212.
  • Секој портал има опрема за автоматско откривање и идентификација на возила, вклучувајќи камери, сензори и комуникациски модули и овозможува наплата на патарина без запирање на возилото, што го зголемува протокот на сообраќај.
  • Претходно возилото треба да биде најавено во системот.
  • Ние ќе си тераме со куќички насред автопат.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Едно академско прашање

Балканштина
2

Ние би му ставиле петка

Балканштина
3

Никола Димитров и македонското искуство за „пократок пат до ЕУ“

4

Игри без граници

Разно
5

Како да се пофалиш дека имаш два Мерцедеса

Балканштина
6

За да не ве критикуваат дека сте го одбрале најевтиното вино

Видео
7

Репортажа од Македонија: Ова никако не го очекував

Разно
8

Дигиталниот идентитет во ЕУ ќе стане задолжителен пред банките

Свет
1

Никола Димитров и македонското искуство за „пократок пат до ЕУ“

2

Дигиталниот идентитет во ЕУ ќе стане задолжителен пред банките

Свет
3

Путин бара самит со Трамп и Си за Украина

4

Златен медал за македонска ракија во Лондон

5

Од март камери ќе наплаќаат патарина во Хрватска

6

Досега се повлечени 775 фабрикувани трудови за ковид и вакцини

Здравје
7

Маск чести: По 1 акција од SpaceX за секое дете во САД

8

Маск печали и од сопствената добротворна фондација

Бизнис
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Нова црногорска епика

Балканштина

Едно академско прашање

Балканштина

Како да се пофалиш дека имаш два Мерцедеса

Балканштина

Ние би му ставиле петка

Балканштина

Изгубени во подесувањата

Разно

Репортажа од Македонија: Ова никако не го очекував

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Жена никогаш и никого не заборава

Денко Малески - Прилагодливио

NATO foot fetish

Проверувачите на факти уште еднаш си добија плескање

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy