Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Почина легендарниот лик и продуцент Панта Мижимаков

5 март 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • На 79 години почина истакнатиот македонски продуцент Панче (Панта) Мижимаков, соопшти Друштвото на филмски работници на Македонија.
  • Панта студирал на  Академијата за театар, филм, радио и ТВ во Белград. Често работел на копродукциите и странските продукции кои се реализираат во Македонија и Југославија. Во „Вардар филм“ соработувал на поголем број играни, документарни и кратки филмови.
  • Бил продуцент и менаџер на продукција на филмовите како „Среќна Нова“, „Преку езерото“, „Џипси меџик“, „Миротворец“, „Татко (Колнати сме Ирина)“, „Најдолгиот пат“, „Исправи се Делфина“, „Црвениот коњ“ и „Тајната книга“. Во 2018 ја прими наградата Златен објектив на Кинотеката на Македонија за исклучителен придонес во македонската кинематографија.
  • „Панта беше образован ерудит кој ја познаваше целата класична кинематографија и книжевност, а со љубопитство на дете гледаше нови филмови и читаше нови писатели. Панта беше човек на сите времиња, над времето и безвреме! Панта беше бониван, уметник пар екселанс, боемчиште и пред се добар човек, како што обично бидува таа работа, добар за сите, освен на себе си. Тврдам дека сеуште е единствен продуцент во Македонија кој читаше и знаеше да анализира сценарио како по учебник!“, напиша Јани Бојаџи.
извор

Трамп: Луѓето во Иран сакаат да слушаат бомби...

6 април 2026
  • Share
  • Post
  • Доналд Трамп вели дека воената акција во крајна линија им помага на луѓето во Иран бидејќи „тие сакаат да слушаат бомби бидејќи сакаат да бидат слободни“.
  • Убеден е дека Иранците не се на улиците за да протестираат како што се надеваа дека ќе биде израелските тајни служби, затоа што „ќе бидат застрелани од режимот“. Кога ќе им престане стравот и кога ќе имаат оружје, ќе излезат.
  • За соборениот американски Ф-15, тврди дека Иранците имале среќа. 
  • Претходно, Иран го одби американсккиот план за примирје доставен преку Пакистан и понуди свој план од 10 точки порачувајќи дека не ги интересира примирје туку траен мир. 
  • Меѓу другите барања на Техеран се прекинување на регионалните непријателства, воспоставување протокол за безбеден премин низ Ормутскиот теснец, реконструкција на земјата и укинување на санкциите.
извор

Хрватски машиновозач со 11 смртни случаи

6 април 2026
  • Share
  • Post
  • Смртта не е состевн дел од работата само на војниците, рударите или пожарникарите, туку и на оние што возат возови. 
  • Хрватскиот машиновозач Анте Бркљачиќ вели дека познава само еден од искусните колеги немал смртен случај во кариерата.
  • Тој имал 11. Првиот кога имал само 21 година, последниот лани.
  • Не сите од тие прегазени несреќници сакале да си го одземат животот. Некои биле невнимателни, некои просто немале среќа, некои биле пијани. 
  • Анте ги памти сите 11.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Еден обичен ден во Скопје

Македонштина
2

Се сретнале двајца научници на Фејсбук

Балканштина
3

Велешани некогаш даваа гемиџии, денес немаат јајца

4

Го докопаа

Балканштина
5

Стан во кој нема да сте сами

Македонштина
6

Пентагон ги крие жртвите

Свет
7

Психопатијата си најде нов непријател

Мешано
8

Солзите на инжинерот кому му го срушија мостот

Разно
1

Велешани некогаш даваа гемиџии, денес немаат јајца

2

Пентагон ги крие жртвите

Свет
3

Ни во вселената не се наоѓа добар водоводџија

4

Курдите го украле оружјето од САД за иранските демонстранти?

Свет
5

Хрватски машиновозач со 11 смртни случаи

6

САД и Иран разговараат за 45-дневно примирје

7

Израел им се заканува на христијани да не кријат шиити

Свет
8

На Блискиот Исток да не си ништо, најмалку дете

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Еден обичен ден во Скопје

Балканштина

Го докопаа

Балканштина

Се сретнале двајца научници на Фејсбук

Македонштина

Стан во кој нема да сте сами

Балканштина

Како во Србија се навива за ректор

Балканштина

Сељачење на висока нога

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Професионалец

Една слика вреди илјада реформи

Дарко Митревски: Засекогаш моја. Никогаш Северна!

Бугарија оди на матура

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy