Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Почина Јово Донев

2 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • На 71-годишна возраст во Скопје почина универзитетскиот професор и амбасадор Јован Донев.
  • Зад себе остави богата академска, научна и дипломатска кариера. Беше посветен на истражувањето на македонската историја, меѓународните односи и геополитичките процеси поврзани со Македонија и Балканот.
  • Од 2013 до 2017 година, Јово Донев беше амбасадор на Република Македонија во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
  • Автор е и коавтор на бројни научни трудови. Меѓу неговите позначајни дела се публикации посветени на Македонија во меѓународните договори, односите на големите сили кон Балканот и македонското прашање во периодот на Балканските војни а последните години беше активен како колумнист и политички аналитичар.

  • „Јавната сцена станува сѐ побучна, но и сѐ попразна. Во шумот не можете да чуете нешто што вреди да се чуе. Ретки се/беа тие што вредат/вредеа да се чујат. Без оглед дали се сложував со него во сѐ или не, Јован Донев беше човек што го слушав. Еден од ретките кои имаше што да каже и за Македонија и за регионот и за светот. Штета што немавме повеќемина како него“, напиша професорката Билјана Ванковска.

  • Донев имаше широки познавања, бистра мисла, стамени ставови и подготвеност за добра, жестока дебата во секое време од денот и ноќта. Профа, ќе фалиш.

извор

Зеленски прифаќа крај на војната по сегашната линија на фронтот

21 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Володимир Зеленски изјави дека би прифатил мировен договор кој би го потврдил разграничување на Украина и Русија по сегашната линија на фронтот.
  • Тој потврдно одговори на прашањето од водителот на Фокс њуз, Брајан Килмид, „дали би се согласил на мировен договор со кој би се замрзнал статус квото, при што Украина би задржала најмалку 75% од својата територија?“.
  • „Во моментов треба да ја замрзнеме ситуацијата и сметам дека тоа е вистинскиот пат кон завршување на оваа војна. Ние тоа го нарекуваме прекин на огнот“, рече Зеленски.
  • Ако ова е прифатливо и за Русија, Киев би преговарал за безбедносни гаранции од САД и европските сојузници.
  • Зеленски ова го изјави по средбата во Осло со американскиот мировен пратеник Стив Виткоф, кој продолжи во Москва за да му го претстави новиот американски мировен план на рускиот претседател Путин.
  • Претходно Зеленски изјави дека Украина „не ја губи војната“, туку „губи луѓе, време, децата растат во воени услови...“ и затоа војната мора да заврши што е можно поскоро.

извор

Промената на подобро започнува со вложување во децата

21 октомври 2026
  • Share
  • Post
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Кои денови сте затворени?

Балканштина
2

Мини(ч) порака до фундаменталистите

Видео
3

Голот на вечерта е волејот на Политано во 54 секунда

Фудбал
4

Зеленски прифаќа крај на војната по сегашната линија на фронтот

5

Прасе за куче е делфин

Животни
6

Од Персискиот Залив сега излегува повеќе нафта отколку пред војната

7

Пет европски земји ќе депортираат мигранти во Руанда

8

Како Горан Баре славеше роденден

Балканштина
1

Зеленски прифаќа крај на војната по сегашната линија на фронтот

2

Од Персискиот Залив сега излегува повеќе нафта отколку пред војната

3

Пет европски земји ќе депортираат мигранти во Руанда

4

И натаму ќе чекаме Брисел да ни каже колку е саат

5

Франција гори од токсична улична коалиција

Мислења
6

Дата-центарот на копно, работниците на пловечки затвор

Технологија
7

Франција испраќа војска на улиците

8

Апсења низ Србија спроти изборите

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Како Горан Баре славеше роденден

Балканштина

Кои денови сте затворени?

Македонштина

Богати и славни

Балканштина

Нова црногорска епика

Балканштина

Едно академско прашање

Балканштина

Како да се пофалиш дека имаш два Мерцедеса

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Добронамерна преписка да се разбереме за дното

Последниот оброк на Ентони Бордејн

Рамзан Кадиров, реален претседател

Балканскиот карактер на Мијанмар и Рохинџите

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy