Почина Гоце Тодоровски
27 јули 2026
- После долга борба за разни здравствени проблеми, почина Гоце Тодоровски, еден од најсаканите и најпрепознатливи актери на македонската сцена и долгогодишен член на ансамблот на Драмски театар Скопје.
- Гоце сними 250 епизоди во прочуениот серијал „Македонски народни приказни“ а на матичната сцена оствари 43 улоги, меѓу кои незаборавните Цанде во „Солунски патрдии“, Ачко во „Викенд на мртовци“, Питу во „Сара Бернар“ и многу други.
-
„Уште кога си замина кумац Ванчо (Петрушевски - н.з.), замина и дел од тебе – остана без една половина. Сега барем знам дека сте заедно, тандем на овој, па и на оној свет“, напиша Сашенка Тодоровска, ќерката на актерот Гоце Тодоровски во својата објава на Фејсбук по веста за смртта на својот татко.