- Мирно, во својот дом, опкружен со своите три деца, на 88 години почина прочуениот француски актер Ален Делон.
- Роден е во 1935 година во предградие на Париз, неговите родители се разведуваат кога имал само 4 години и даден е во згрижувачко семејство. Заради бунтовничко однесување исфрлен е од неколку училишта, на 14 години го напушта образованието и почнува да работи во месарница, подоцна 4 години служи како маринец во војската, од кои 11 месеци минал во војнички затвор заради недисциплина. На крај, го отпуштаат и од таму.
- Актерската кариера ја започнива во 1957 година и брзо станува еден од најпосакуваните глумци и мажи во француската и светска кинематографија. Го нарекуваа и францускиот Џемс Дин но и машка верзија на Брижит Бардо со која едно време беа во кратка врска.
- Последните години беше погоден од деменција и размислувал за еутаназија.
- „Цела цивилизација ќе умре вечерва, за никогаш повеќе да не се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи“, порача Доналд Трамп во безумна закана за уништување на Иран.
- Тој цврсто стои до ултиматумот што му постави на Техеран до вечер во 20 часот според американско време да го деблокира Ормускиот Теснец. Ако не, ќе нареди „пеколни“ напади кои „ќе го вратат Иран во Камено доба“.
- Трамп отворено се закани дека ќе ги уништи мостовите, енергетските постројки и централите за десалинизација, што би оставило десетици милиони Иранци без струја и вода. Тоа, според сите критериуми е воено злосторство насочено против цивили.
- Трамп остави мал простор да ги откаже нападите во последен час, како и во претходниот ултиматум до Техеран пред две недели: „Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, каде што преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно прекрасно, Кој знае?“.
- И самиот дава одговор: „Ќе дознаеме вечерва, еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот. 47 години изнудување, корупција и смрт конечно ќе завршат. Бог да го благослови великиот народ на Иран!“.