Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

План Б на Трамп за правото на државјанство: Забрана за влез на бремени жени

2 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Забраната за влез на бремени жени во САД е најрадикалната мерка со која Доналд Трамп би можел да ја заобиколи одлуката на Врховниот суд и да го спречи правото на американско државјанство врз основа на местото на раѓање. Ова го предложи влијателниот конзервативец Шон Дејвис, член на движењето МАГА и донатор на Трамп.
  • Федералните обвинители во САД добија упатство да им дадат приоритет на истрагите за шемите за „туризам заради раѓање“.
  • „Имиграциски систем е експлоатиран од странци кои под лажни изговори доаѓаат во САД за да раѓаат и да обезбедат американско државјанство за своите деца“, порачал Колин Мекдоналд, помошник-генерален обвинител за измами, во меморандум до вработените во Министерството за правда.
  • Мекдоналд бара од обвинителите да ги прошират истрагите и во врска со измами со електронски средства, перење пари, нелегално идентификување, кражба на идентитет или заговор за измама во здравството.
извор

Европски аеродроми и авиокомпании бараат суспензија на системот за влез/излез

2 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Патничките авиони полетуваат полупразни бидејќи патниците се заглавени во редици предизвикани од проблеми со новиот систем за влез/излез (EES) на ЕУ, ја предупредија Европската комисија управите на главните европски аеродроми и авиокомпаниите.
  • Тие бараат привремено суспендирање на новиот Систем за влез/излез (EES) за време на најголемиот летен шпиц на патувања.
  • „Достигнавме критична точка“, соопштија во писмо до Урсула фон дер Лајен здруженија кои претставуваат стотици авиокомпании и аеродроми низ целиот континент.
  • Предупредија дека времето на чекање на надворешните шенгенски граници достигнало до пет часа а се очекува ситуацијата дополнително да се влоши во јули и август.

  • Австралиското МНР ги советуваше граѓаните да земат доволно храна и вода ако одат накај Европа.

извор

Германија обвини украински специјалец за саботажата на гасоводот Северен тек

2 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Поранешниот украински специјалец Серхиј К. е официјално обвинет за саботажата на гасоводите Северен тек: за предизвикување експлозија и напади врз цивилна енергетска инфраструктура, кои според меѓународното кривично право се сметаат за воени злосторства. Вишиот регионален суд во Хамбург сега мора да одлучи за прифатливоста на обвиненијата и за евентуален датум на судење.
  • Зидојче цајтунг, АРД и Цајт тврдат дека доказите се обемни. Серхиј наводно разговарал со роднини и познаници за нападите додека бил во екстрадициски притвор во Италија, со што се инкриминирал. Истражителите, исто така, пронашле докази за вмешаноста на неговиот мобилен телефон.
  • Тој беше уапсен во август 2025 година врз основа на европска потерница додека бил на одмор во Италија. Со месеци се спротивставуваше на екстрадицијата во Германија, па дури и штрајкуваше со глад. Од ноември е во притвор во Хамбург.
  • Според обвинителите, Серхиј К. бил офицер во специјална единица на украинските вооружени сили и командувал со изнајмената едрилица „Андромеда“, од која заедно со шест соучесници, вклучувајќи експерт за експлозиви и четворица нуркачи, го минирале гасоводот. Поставиле четири бомби на длабочина од 80 метри кај данскиот остров Борнхолм. На 26 септември 2022 година ги детонирале бомбите, уништувајќи три од четирите цевководи Северен тек 1 и Северен тек 2. 
  • Друг нуркач од групата лани беше уапсен во Полска, но беше ослободен и замина во Украина. Премиерот Доналд Туск тогаш објасни дека „не е во интерес на Полска да го гони или екстрадира осомничениот“.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Готово, Мексико го освои Светското

Навивачи
2

Источна Германија, земја на празни градинки

Разно
3

Мајка

Балканштина
4

Мајка и ќерка од Ријека должат за данок 150 милиони евра

5

Русија ги затвори железничките премини кон Финска, Естонија и Летонија

6

Лукровски оздраве, Стевчо се разболе

7

Раде: Не може голманот да е постар од селекторот, па дечкото уште е во пубертет

Фудбал
8

Евзони за српски огласи

Балканштина
1

Источна Германија, земја на празни градинки

Разно
2

Мајка и ќерка од Ријека должат за данок 150 милиони евра

3

Русија ги затвори железничките премини кон Финска, Естонија и Летонија

4

Лукровски оздраве, Стевчо се разболе

5

Лабораториите за ВИ отпуштаат програмери, вработуваат филозофи

Технологија
6

Укинат имунитетот од одговорност за вакцините против ковид

7

Израел војува во Либан и преку Тиндер

Разно
8

Кој бара расизам, го наоѓа и во времето

Занимливости
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина

Мајка

Балканштина

Евзони за српски огласи

Македонштина

Карпош, чекате ова да се сруши врз деца???

Македонштина

Некој да ни го објасни овој магијски ритуал

Разно

Македонска реклама не мора да биде глупа

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Плач по Кеш

Српско книжевно пердашење

Не џабе е капетан на Ентерпрајз

Ова нема да го прочитате во медиумите...

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy