- Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан потврди дека некои земји се нудат да посредуваат за крај на војната што на неговата земја ѝ ја објавија САД и Израел, но порача дека сите такви иницијативи треба да бидат насочени кон агресорите, а не кон Техеран.
- „Да бидеме јасни: ние сме посветени на траен мир во регионот, но нема да се колебаме да го браниме достоинството и суверенитетот на нашата нација. Посредувањето треба да се однесува на оние кои го потценија иранскиот народ и го запалија овој конфликт“, објави Пезешкијан на Икс.
- Откако војната почна во саботата, Катар, Турција, Египет и Оман, се понудија да посредуваат за преговори за крај на конфликтот.
- Иранското Министерство за надворешни работи завчера објави дека е „време за одбрана, а не за дипломатија“. Пезешкијан самиот неколку пати кажа дека е „предоцна за преговори“.
- САД и Израел ја почнаа војната со „превентивни напади“ додека Иран во Женева преговараше со САД за запирање на својата нуклеарна програма. Подоцна беше откриено дека преговорите биле фарса и дека САД веќе биле решени да го нападнат Иран.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.