Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Пет од шест Палестинци убиени во Газа биле цивили

22 август 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Најмалку 83% од Палестинците убиени во Газа биле цивили, покажуваат податоци од доверливи документи на израелските разузнавачки служби. Израел официјално потврдува дека односот на убиени цивили и милитанти е 1:1 или 2:1.
  • Толку висок однос на цивилни и воени жртви од 5:1 речиси и да немало во војните во изминатиот половина век. Единствено во Руанда во 1992 година цивили биле 99,8% од жртвите, а во Сребреница 92%. Во Војната во Босна 57% од жртвите биле цивили, во Украина од 2022 до 2024 година 10%, а во Авганистан од 2001-2021 година 8%.
  • Според доверливите податоци на Израелските одбранбени сили, во Газа до мај „сигурно“ биле убиени 7.330 борци на Хамас и Исламски џихад, а „веројатно“ уште 1.570. Во истиот период вкупниот биланс на убиени луѓе во Газа бил 53.000.
  • „Известуваме за многумина убиени оперативци на Хамас, но мислам дека повеќето од луѓето што ги регистрираме како мртви всушност не се борци на Хамас. Ги регистрираат како терористи по нивната смрт“, изјавил за порталот „+972“ анонимен израелски разузнавачки офицер што придружувал копнени трупи на теренот.
  • Израел реагира дека се манипулира со бројките во извештајот: како „цивили“ се толкуваат и оние вклучени во воени дејства, иако не се членови на воени групи. Примери се пукање, фрлање молотови коктели, обезбедување контролен пункт, поставување или отстранување мини, дејствување како извидувач, набљудувач или обезбедување информации за таргетирање во реално време, саботажа на воена опрема или објекти, транспорт на муниција до фронт за време на борба, и секако држење заложници, што е воено злосторство. Цивилите кои се вклучени во овие активности ја губат својата заштита од напад. Во тој момент тие се борци.
извор

САД ќе дозволат повисоки дози на зрачење од нуклеарните централи

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Американските регулатори предложија разлабавување на стандардите за безбедност од зрачење на нуклеарните реактори за да се олесни и забрза изградбата на нови атомски централи.
  • Ќе се укине стандардот за заштита „Најниско разумно остварливо ниво“ ALARA, кој е линеарен и нема дефинирани прагови, врз основа на претпоставката дека „секоја доза на зрачење, без разлика колку е мала, носи ризици од развој на рак“. Придржувањето до стандардите ALARA е енормно скапо, зголемувајќи ја цената на изградбата и работа на реакторите за милијарди долари.
  • Операторите на нуклеарните централи ќе добијат поголема флексибилност да поставуваат прагови на дозволените дози на зрачење за работниците и околината, врз основа на специфичните околности и новите технологии.
  • Предложените измени се во согласност со наредбата на Доналд Трамп за четирикратно зголемување на американскиот капацитет за генерирање нуклеарна енергија од околу 100 гигавати во 2024 година на 400 гигавати во 2050 година.
извор

Заради пијани туристи, Сплит забранува ноќно продавање алкохол

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Повраќање по улици, уринирање на јавни места, спиење по влезови, тепачки и гласно викање до раните утрински часови се неизбежен летен декор на популарните туристички дестинации како што е Сплит.

  • Градот ќе проба да стави крај на ова со забрана за продажба на алкохолни пијалоци во продавниците од 21 часот до 6 часот наутро.

  • Во јуни Брзата помош интервенирала во 50-тина случаи на алкохолизирани на јавни места, повеќе од нив млади туристи од странство.

  • „Ќе се изнакупуваат алкохол пред девет навечер,“ вели жител на градот кој не верува дека мерката ќе даде резултат.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Голот на Хрватска за 2:2 го поништил Снико

Фудбал
2

Египетскиот гигант висок 2,35

Кошарка
3

Почина цајканот од сељаците

Музика
4

Украина ја тероризира Европа и со бомби и со кол-центри

Свет
5

Музеј на современи вазали

Македонштина
6

Да одиме, да се напраиме расол

Македонштина
7

Наполи има нов тренер

8

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
1

Украина ја тероризира Европа и со бомби и со кол-центри

Свет
2

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
3

Иран очекува 20 милиони луѓе на погребот на ајатолахот Али Хамнеи

4

Важна информација за битолчани

5

Ќе се сети ли некој на Индијанците?

Разно
6

Директорот на најголемата руска банка побара да запре војната

7

САД ќе дозволат повисоки дози на зрачење од нуклеарните централи

8

Иран и Оман доставиле план за наплата на патарини

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Земете ѝ ја возачката пред да утепа некого

Македонштина

Музеј на современи вазали

Македонштина

Да одиме, да се напраиме расол

Балканштина

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина

Мајка

Балканштина

Евзони за српски огласи

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Небањатите им пречат на авторитарци

Струмички контрасти

Рокенрол тривија

Јелена Розга во Службен весник на РМ

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy