- Поранешниот претседател на Харвард и некогашен секретар за финансии, Лери Самерс, поднесе оставка од академските и други обврски на универзитетот.
- Самерс поднесе оставка и како ко-директор на Центарот за бизнис Мосавар-Рахмани. Според портпаролот на Харвард, оставката е поднесена „во врска со тековното разгледување од страна на Универзитетот на документите поврзани со Џефри Епстин“.
- Нивните контакти биле особено интензивно кога Самерс беше прв човек на Харвард (2001 - 2006), но продолжиле и откако Епстин бше осуден за педофилија.
- Епстин за Харвард има донирано околу 9 милиони долари, а Самерс го има посетувано неговиот озлогласен остров и во најмалку четири наврати летано со неговиот приватен авион.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.