Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Отворен македонскиот клуб во Благоевград

30 октомври 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • На отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград дојдоа Мицковски и Апасиев, имаше и делегација на „Наше Куманово“ на Максим Димиртриевски.

  • Пендаровски го испрати Миле Бошњаковски а владата не испрати никого.

  • „Тука сме Македонци од четири држави, Гоце ни остави аманет“, порача Атанас Мазнов, еден од основачите на клубот.

  • „Наместо национално единство во Благоевград и поддршка на својот народ, државниот врв се одлучи да служи на туѓи интереси“, изјави Мицковски.

  • „За разлика од фашистичките клубови што се отвораат во нашата држава, ова е име на анти-фашист и на комунист и од тој идеолошки аспект даваме целосна поддршка на ваквите клубови. Очекувано беше да дојдат премиерот и претседателот бидејќи ова е историски настан, но тие не се одважија“, рече Апасиев.

извор

Ние и Енглезите - шест милијарди

17 мај 2025
  • Share
  • Post
  • Шест милијарди евра кои ќе се повлекуваат во транши и ќе се користат за капитални инвестиции во инфраструктурата, здравството и енергетиката, модернизирање на армијата и засилена соработка и размена на информации на безбедносните служби во борба против организираниот криминал, трговијата со дрога и со мигранти е суштината на стратешкиот договор меѓу Македонија и Обединетото Кралство.
  • Преговорите за стратешкото партнерство траеле со месеци а Мицкоски тврди дека условите под кои ќе се повлекуваат средствата се најдобри на пазарот.
  • „Репер ни е еурориборот, репер ни се два фиксни параметри а тоа се грејс период и долг период на отплата. Досега фиксирани се неколку проекти а тоа е реконструкција модернизација на пругата која што ќе ги поврзува табановце и Гевгелија со што очекуваме за десет пати да се зголеми карго транспортот и бројот на патници која ќе ја користат и да се зголеми брзината.  Довршување на Клиничката болница во Штип, заедно со медицинскиот факултети студентски дом со 200 легла, изградба на нова болница во Кичево и реконструкција на Клиничката болница во тетово. Во иднина нормално ќе разговараме и за други проекти кои ќе бидат во рамките на овие услови за кои зборуваме“, вели премиерот Христијан Мицкоски.

извор

Никој не е задоволен од пресудата за модуларната во Тетово

17 мај 2025
  • Share
  • Post
  • Тетовскиот суд ги осуди поранешниот директор на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими, и поранешниот економски директор, Артан Етеми, на една година и шест месеци затвор. 
  • Тетовската клиничка болница, исто како и на првото судење, беше санкционирана со 1 милион денари. Предметниот судија Реџеп Муса, читајќи ги пресудите, рече дека за кривичното дело тешки кривични дела против јавната безбедност е предвидена казна затвор од една до пет години, додека судот ги зел предвид сите отежнувачки и олеснителни околности за обвинетите.
  • Семејствата на жртвите изразија разочарување од одлуката на судијата, барајќи по секоја цена поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот министер Анѓушев да бидат изведени пред лицето на правдата.
  • Поранешниот директор на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими, откако ја слушна пресудата, рече дека ќе продолжи да ја бара правдата, бидејќи според него, судот не сакал да донесе правда ниту за членовите на семејствота, ниту на него. „Бев обвинет дека немалопротивпожарни апарати, а всушност бев против ваков објект и одбив да го прифатам објектот, еве го документот што не го потпишав. Обвинителството и сите го знаат ова, го споменав и на состаноците и документот постои, но не беше земен во предвид. Не барам милост, туку правда за жртвите и за себе“, нагласи Бесими.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Побеснетиот Макседон

2

Охридски досетки

Македонштина
3

Ние и Енглезите - шест милијарди

4

Холандија има тунел кој сам се поправа

Технологија
5

Албанска дијалектологија: Тетово версус Гњилане

Балканштина
6

Толку од обуката

Разно
7

На лезбејките одамна не им било олку лошо

8

Голема разлика во смртноста меѓу вакцинираните со Фајзер и Модерна?

Здравје
1

Побеснетиот Макседон

2

Ние и Енглезите - шест милијарди

3

Холандија има тунел кој сам се поправа

Технологија
4

Голема разлика во смртноста меѓу вакцинираните со Фајзер и Модерна?

Здравје
5

САД планираат да преселат милион Палестинци од Газа во Либија

Свет
6

Објавена снимката со дупките во меморијата на Бајден

Свет
7

Јутјуб ќе сече со реклами „на најинтересното“

Разно
8

Никој не е задоволен од пресудата за модуларната во Тетово

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Аца Лукас: И јас се дрогирам, ама некои претеруваат

Балканштина

Албанска дијалектологија: Тетово версус Гњилане

Балканштина

Нато диета

Македонштина

Кој прв загради, негово си е

Македонштина

Охридски досетки

Балканштина

Данило, тим Анџелина

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Од новите

Водно, извини

Шчо мислевме, шчо испаднав

Да се пазиме од полицајците на нашите мисли

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy