- Руски институт лани почнал да развива вакцина која би требало да го забави стареењето на клетките. Целта е да се создаде „првиот лек за генска терапија во светот“ специјално дизајниран да го блокира рецепторот RAGE.
- „Со активирање на RAGE почнува стареењето на клетката. Блокирањето на овој ген, напротив, може да ја продолжи нејзината младост“, изјави заменик-министерот за наука Денис Секерински.
- Вицепремиерката Татјана Голикова претходно изјави дека Русија помеѓу 2028 и 2030 година планира да почне со производство на „лек против стареење“.
- Проектот за вакцина на Институтот за биологија и медицина на стареењето почнал во 2025 година. Тоа е дел од поширока кампања која ја нареди претседателот Владимир Путин (73), за биотехнолошки истражувања насочени кон ублажување на демографскиот пад во Русија.
- Според официјалната статистика, просечниот животен век за руските мажи е околу 67 години - за четири години понизок од светскиот просек.
- Иран им доставил на САД нов предлог за преговорите: Прво да се преговара за укинување на блокадите на Ормускиот проток и за крај на војната, а дури потоа да се отвори прашањето за нуклеарната програма на Техеран.
- Извори на Аксиос тврдат дека иранското раководство е поделено околу тоа кои нуклеарни отстапки треба да бидат предмет на преговори и каде е „црвената линија“. Раздвојувањето на двете прашања би водело кон побрз договор за крај на војната.
- Трамп не реагираше на оваа понуда, но го одолжи испраќањето на преговарачите Виткоф и Кушнер на нова рунда во Пакистан и за денеска свика состанок на тимот за национална безбедност во Ситуациската соба. Се смета дека крајот на војната би ја ослабило позицијата на Трамп на преговорите за иранската нуклеарна програма.
- „Не гледам смисла да ги испраќам на 18-часовен лет во сегашната ситуација. Премногу е долго. Можеме да го направиме тоа и по телефон. Иранците можат да ни се јават ако сакаат. Нема да патуваме само за да седиме таму“, рече Трамп.
- Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи, во меѓувреме, пристигна во Москва на разговори со рускиот претседател Владимир Путин. Русија порано се спомнуваше како земја што би можела „безбедно да го чува“ иранскиот нуклеарниот материјал.