- „Се соочувам со апсурдни обвинувања. Во моментите кога не можев да пуштам ниту глас, ниту солза, бев обвинуван во полициска станица и тоа за работи што не ми се јасни и не ги разбирам. Ми одзедоа сè. Не сум веќе ни родител ни татко, ехо од човек остана од мене. И јас водев моја истрага. Би сакал да го дознаам идентитетот на луѓето што го направија ова и сите тие се подеднакво виновни“ низ солзи рекол таткото на убиената Вања барајќи од Врховниот суд да биде пуштен од притвор каде е држен со месеци.
- На Александар Ѓорчевски не му е дозволено да го види своето друго дете, поради што побарал асистенција од Центарот за социјални работи.
- Му била вршена и тортура за што постоеле материјални докази во форма на медицински извештаи од Торакалната клиника.
- „Трагичната судбина на овој човек, покрај тоа што го има загубено детето, е во добра мерка инспирирана од непрофесионална прес-конференција на тогашниот министер за внатрешни работи кој изнесе непроверени наводи, кои во јавноста беа пласирани во форма на обвинение и осудителна пресуда, без да се води сметка за пресумпцијата на невиност. Во добра мерка улога во таа работа имаат и луѓе од владејачката структура, пратеници кои на своите Фејсбук профили веднаш се приклучија и ги поддржаа наводите што ги кажа министерот за внатрешни работи“, рече адвокатот на Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ.
- Еден од пратениците кои побрзаа да го осудат таткото („Ти не си татко, ти си р'ѓа монструозна“) беше Мартин Костовски од СДСМ.
- Пациенти со карцином во напредна фаза се принудени да чекаат резултати од направена биопсија кои не се готови и по месец дена па тие и нивните семејства се во безизлезна состојба.
- Кога резултатите се готови, се заглавува на нивно авторизирање кое треба да го направи Патологија. За тоа време веројатноста дека некој ќе ја загуби битката е реално голема.
- „Дали има членки што правеле биопсија на матка на Државна клиника и за колку време им стигнале резулатите, затоа што веќе месец дена нема резултати а имам карцином“, прашува пациентка на Фејсбук групата „Канцер победници“.