Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

ОН собираат докази за израелски воени злосторства во Либан

28 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Канцеларијата на Високиот комесар на ОН за човекови права документирала прекршувања на меѓународното хуманитарно право од големи размери извршени од Израел во Либан, од кои некои може да претставуваат воени злосторства. Независна мисија договорена со либанската влада, веќе е на терен и собира докази за наводни прекршувања на меѓународното право, сторени од сите страни во конфликтот по 2 март.
  • „Континуираните израелски воздушни напади, гранатирањето и употребата на експлозивно оружје во густо населени области предизвикале голем број цивилни жртви, широко распространето уништување и масовно раселување“, изјави комесарот Фолкер Турк, на крајот од официјалната посета на Либан. И ракетите истрелани од Хезболах кон населени области во Израел убиле цивили и оштетиле инфраструктура.
  • Турк изрази загриженост и поради тоа што израелските сили окупираат значителна либанска територија на југот и продолжуваат да убиваат и да повредуваат луѓе во Либан и покрај договорот за прекин на огнот постигнат на 17 април.
  • Цели села јужно од реката Литани – околу 30 километри од границата со Израел – се уништени или невозможни за живеење. Масовното раселување на цивили и оневозможувањето на нивното враќање, би можеле да претставуваат меѓународни злосторства. 
  • Според либанските власти, повеќе од 4.300 луѓе се убиени, а 12.200 се повредени во Либан од 2 март, како последица на конфликтот меѓу Израел и Хезболах. Меѓу нив има повеќе од 135 здравствени работници, како и новинари и медиумски работници.
извор

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул ги повика членките на ЕУ да ги исполнат своите ветувања за проширување кон Западен Балкан. Предупреди дека со тоа, Унијата го ризикува сопствениот кредибилитет и влијание во регионот.
  • Вадефул потсети дека ЕУ им вети членство на земјите од Западен Балкан на самитот во Солун во 2003 година. Тој го критикуваше и германскиот учинок, потсетувајќи дека поранешната канцеларка Ангела Меркел го започна Берлинскиот процес 11 години подоцна, во 2014 година.
  • И покрај ова, нема конкретен напредок дури и по уште 12 години.
  • „Не ги исполнивме нашите ветувања“, рекол министерот. „Навистина би ги повикал сите да им покажат дека ветувањето од Солун е реално, дека сме веродостојни и дека на Европа може да се потпреме“.
извор

Веро Центар домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
5

Квалификации

Балканштина
6

Елитно ментално

Забава
7

Размислете за храната

Медиуми
8

Пратете му на некој со BMW

Онака
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

САД сакаат да ја жртвуваат Европа

Мислења
3

Тексас прогласи вонредна состојба поради скапиот дизел

4

За Н1 уапсените во Скопје се терористи во наводници

5

Спречен обид на пилот да урне патнички авион во Израел

6

Почина Биљана Плавшиќ

7

Маск ќе ја крои иднината на војувањето

Свет
8

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Не им бил јасен нашиот наслов, па да им го објасниме

Црно тиквешко, ама бело марсовско

Џабе паника, убаво си кажа човекот

Како би гласело ова кај "Валијант"?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy