Светската програма за храна (WFP) предупреди дека е принудена да го преполови обемот на својата помош за Палестинците на окупираниот Западен Брег и Газа поради проблеми со финансирањето, особено откако САД ги намалија хуманитарните донации.
WFP соопшти дека ѝ се потребни дополнителни 386 милиони долари во текот на следните шест месеци за да им служи на околу 2 милиони загрозени луѓе на палестинските територии.
На Западниот брег, агенцијата на Обединетите нации е принудена да ја намали помошта од 400.000 на 200.000 луѓе. „Од овој месец ќе биде намалена помошта во форма на готовина, ваучери, храна, програми за обезбедување егзистенција и нутриционистички услуги“, соопшти WFP.
Од јули, за 40% е намалена паричната помош за околу 375.000 луѓе во Газа, каде што WFP обезбедува поддршка за 1,5 милиони луѓе, вклучително и храна за 1 милион.
„Ситуацијата во Газа е подобрена во споредба со минатата година, кога во делови од палестинската територија беше прогласен глад“, истакна IPC - водечката светска институција за следење на несигурноста во снабдувањето со храна, но предупреди дека „условите сè уште се на ниво на криза“.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.