ОФФ ги отпушти сите новинари
28 октомври 2024
- Радиостаница во Полска ги отпушти новинарите и по некое време започна со програма во која водителите се виртуелни ликови создадени со вештачка интелигенција.
- „Нашите аватари се создадени да допрат до помладите слушатели. Ќе истражуваме дали вештачката интелигенција е повеќе можност или закана за медиумите“, изјави директорот на ОФФ радиото, Марцин Пулит.
-
Еден од оние кои добија откази од ОФФ, новинарот и филмски критичар Матеуш Демски негодуваше против одлуката да се заменат луѓето сомашини, оцени дека е тоа опасен преседан и покрена петиција која наидува на голем одзив.