Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Издаден налог за приведување на Додик

12 март 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Обвинителството на Босна и Херцеговина објави наредба за приведување на претседателот на Република Српска Милорад Додик заради сослушување во врска со обвинение за „напад врз уставниот поредок на БиХ“.
  • Налози за приведување се објавени и за премиерот на РС Радован Вишковиќ и за претседателот на Народното собрание во Бања Лука, Ненад Стевандиќ.
  • Лидерите на Република Српска веќе добија повици од обвинителството, но не се пријавија самите на сослушување. Додик прво рече дека добил, па потоа дека не добил повик.
  • За приведувањето Обвинителството побарало помош од државната агенција за истраги и заштита СИПА и од Министерството за внатрешни работи на Република Србија.

  • Директорот на судската полиција на РС, Жељко Драгојевиќ, за РТРС изјави дека судската полиција на РС нема да распише ниту може да распишае потерница, бидејќи тоа е во надлежност на СИПА и Судската полиција на  БиХ.

извор

Њујорк Тајмс за желките од Голем град

17 февруари 2026
  • Share
  • Post
  • Необичното однесување и отворените прашања поврзани со потеклото и иднината на желките од островот Голем Град во Преспанското Езеро, се во фокусот на неодамнешен напис на американскиот весник Њујорк Тајмс. Текстот бил поттикнат од новиот научен труд на нашиот херпетолог д-р Драган Арсовски, објавен минатиот месец во реномираното списание “Ecology Letters”.
  • На островот живеее исклучително густа и навидум просперитетна популација желки. Меѓутоа, зад оваа бројност се крие сериозен проблем: половата структура е драматично нарушена. На секоја возрасна женка има по 19 мажјаци, што претставува екстремна диспропорција со далекусежни последици.
  • Ваквиот дисбаланс резултира со изразена сексуална агресивност кај мажјаците, кои неретко се обидуваат да се „парат“ и меѓусебно. Женките се изложени на постојан прогон, стрес и физички повреди. Во обид да избегаат од агресијата, дел од женките завршуваат преку стрмните островски карпи - во провалија и сигурна смрт.

* Линк до трудот на д-р Драган Арсовски

* Види и: Што ги натера македонските желки да станат геј?

извор

Полска ќе бара воени репарации и од Русија

17 февруари 2026
  • Share
  • Post
  • Полска најави дека официјално ќе поднесе барање за воени репарации од Русија, за злосторства извршени од Црвената армија во Втората светска војна и во периодот на советските интервенции во Студената војна. Премиерот Доналд Туск наредил формирање тим историчари за да ги проценат штетите. 
  • Варшава веќе побара од Германија да ѝ плати 1.300 милијарди поради злосторствата извршени од нацистичките сили за време на Втората светска војна. Канцеларот Фридрих Мерц одговори дека од перспектива на Берлин, прашањето за репарации одамна е правно и политички затворено.
  • Бартош Гондек, директор на институтот задолжен од Туск, изјави дека истрагата за Русија е пообемна, со оглед на тоа што Полска поминала четири децении под советско влијание.
  • Коментирајќи ја заканата од Полска, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави: „Како репарација, можеме да обезбедиме линк до видеото од операта Иван Сусанин“.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Може замена за буквар?

Македонштина
2

Зошто атрактивната Холанѓанка после секоја трка се соблекува пред камера?

3

Рубио ја испрати Европа по ѓаволите. Европа бара да ѝ го покаже патот

Мислења
4

Холандија ќе ја полни касата со данок на нереализирана добивка

Свет
5

Столе Димитриевски бранеше како мачка, Валенсија победи

Фудбал
6

Спасете Фиќо од домашни проблеми

Македонштина
7

Времето ги открива улогите

Разно
8

Разјаснета врската помеѓу вакцините и згрутчувањето на крвта

Здравје
1

Рубио ја испрати Европа по ѓаволите. Европа бара да ѝ го покаже патот

Мислења
2

Холандија ќе ја полни касата со данок на нереализирана добивка

Свет
3

Разјаснета врската помеѓу вакцините и згрутчувањето на крвта

Здравје
4

За СДСМ е понижувачко што Вучиќ спомнал дека Шеќеринска е женско

5

Американски и холандски пилоти го бранат Киев од руски ракети

Свет
6

Старееме најбрзо во Европа

7

Јанкуловски: Подемот на Homo Idioticus

8

Њујорк Тајмс за желките од Голем град

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Зошто го сакаме Балканот

Македонштина

Спасете Фиќо од домашни проблеми

Македонштина

Може замена за буквар?

Македонштина

Скопје на чекор од средновековни болести

Македонштина

Еве зошто се дебили оние од пакетчињата „Богати и славни“

Македонштина

Орајте ноќеска само за неа

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Капа долу за Џорџ Клуни

Висок туризам

Доколку си, ќе имаш за објаснување по дома

А сега, Американецот да ни го објасни светот

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy