- Суспендираниот јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје, Јован Цветановски, тврди дека преку хајка против него што трае со месеци, се сака да се поништи неговата одлука во предметот поврзан со бонусите исплатени во поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), кои, како што беше пласирано во јавноста изнесувале фрапантни 4,6 милиони евра.
- Цветановски посочува на судир на интереси во Комисијата која одлучувала за неговата суспензија, и открива дека поднел кривични пријави против републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски и обвинителката Лиле Стефанова.
- Тој детално ја објаснува хронологијата на случајот, неговите постапки, заканата од Коцевски преку неговиот шеф Хајрулахи и нагласува дека стои зад неговата одлука за укинување на решението на ОЈО ГОКК за затворање на предметот.
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.