Некогашната НФЛ ѕвезда, актер во комедии како „Гол пиштол“ и озлогласен осомничен за двојно убиство, ОЈ Симпсон почина од канцер на 76 годишна возраст.
Судскиот процес од 1995 година, на кој му се судеше за убиство на неговата екс сопруга Никол Браун Симпсон и нејзиниот партнер, Роналд Голдман беше еден од најследените судски процеси во историјата на САД.
Тоа судење од 11 месеци кое следуваше после прочуениот обид за бегство на О Џеј од полицијата кое беше снимано од хеликоптер, исфрли дузина живописни ликови како што беше судијата Ленс Ито и дрим-тим адвокатската одбрана на ѕвездата составена од фаци како Џони Кокран, Роберт Кардашијан (татко на овие бадијалџиките), Алан Дершовиц...
На кривичната постапка Симпсон беше прогласен за невин но три години подоцна, во граѓанска парница, пресудата беше поинаква и му беше наложено да плати 33,5 милиони долари.
Во 2008-ма година, О Џеј беше осуден на 15 години затвор заради неуспешен грабеж во Лас Вегас во кој се обидувал да врати спортски сувенири за кои тврдеше дека му биле украдени. Одлежа 9 години по што живееше на висока нога, главно играјќи голф покрај Мајами.
„Умре без да се покае,“ изјави адвокатот на семејството на убиениот Голдман најавувајќи дека ќе продолжи нивната битка да се докаже гревот на Симпсон.
Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.