- Словенија започнува со производство на терапија за агресивни тумори.
- Со помош на донации од граѓани, словенечки стручњаци пред некоолку години собраа доволно средства за сопствен проект за производство на CAR-T клетки.
- Терапијата со нив неколку години успешно се применува во многу земји, но Словенија направи важен чекор покренувајќи сопствено производство на клетки за лечење агресивни Б лимфоми и леукемија.
- CAR-T терапијата (химерична антигенска терапија со Т-клеточни рецептори) е иновативна имунотерапија која користи генетски модифицирани Т-лимфоцити (вид на бели крвни зрнца) од пациентите за борба против одредени видови на рак. Развиена е со цел да ја зајакне природната способност на имунолошкиот систем да ги препознава и уништува клетките на ракот, особено хематолошките малигни тумори.
- Петтата резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации, која повикува на прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Газа, беше блокирана со американското гласање „против“.
- 14 членки на Советот за безбедност гласаа за резолуцијата, само САД беа против. Своето вето го објаснија со тоа што резолуцијата не го условува прекинот на огнот со ослободување на околу 100 преостанати заложници во Газа.
- А резолуцијата повикува на нивно ослободување, но со формулација дека тоа треба да следи по спроведувањето на прекинот на огнот.
- САД претходно ставија вето на три резолуции за прекин на огнот, со објаснување дека Израел има право да се брани. Нивната резолуција наиде на вето од Русија и Кина.