- Владата одлучи да ја ограничи маржата на 102 групи на производи или над 1.000 прехранбени и непрехранбени производи.
- Пет отсто бруто профитна маржа е утврдена на осумте прехранбени производи – млеко, леб, брашно тип 400 и тип 500, јајца, масло за јадење, јогурт и кисело млеко. Десет проценти бруто маржа е утврдена на група од 55 прехранбени производи – месо, преработки од месо, шеќер, лични производи, маргарин, путер, конзервиран зеленчук и овошје, грав, ориз и тестенини. Ограничена е бруто профитна маржа на 39 прехранбени производи и средства за хигиена и тоа на свежо овошје и зеленчук, детергенти, бебешка храна, сапун, тоалетна хартија и слично.
- Втората одлука се однесува за утврдување на највисоки цени на осум групи на прехранбени производи при што за највисока цена се утврдени цените што се применувале на 1 февруари 2025 година.
- Од сето ова се очекува цените на прехранбените производи да се намалат за околу 10 проценти.
- САД и Русија изразија задоволство од првата средба за крај на војната во Украина, која се одржа во Ријад, без присуство на Украина и на нејзините европски сојузници.
- Не е лошо, не е лошо. Се согласивме дека ќе ги имаме предвид меѓусебните интереси и дека ќе ги развиваме билатералните односи, изјави Јуриј Ушаков, главниот советник на Владимир Путин за меѓународна политика. Ушаков додаде дека се разговарало и за условите за директна средба на претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин, но дека не е договорен датум.
- Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека целта е да се обезбеди „чесен, траен и одржлив мир за Украина, прифатлив за сите вклучени страни“. Единствениот водач на светот што може да го направи тоа е претседателот Трамп, додаде Рубио.
- Путин е спремен да разговара и со украинскиот претседател Володимир Зеленски ако е потребно, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, но забележа дека е спорен „легитимитетот“ на Зеленски, поради тоа што му завршил мандатот.
- Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и амбасадорот во ОН Василиј Небензја категорично се спротивставиле на учеството на Европа во идните мировни преговори, бидејќи европските земји се „агресивни“ кон Русија и се „неспособни“ да постигнат каков било договор со Москва.