- Оние судии што не работат согласно законот и Уставот, туку за свои лични интереси и под туѓи влијанија ќе се соочат со одговорност, а максимална поддршка ќе добијат оние што работат чесно. Ова во својата прва изјава за новинарите го кажа новиот претседател на Судскиот совет, Александар Камбовски, откако на денешната седница на Советот едногласно беше избран да го води ова тело.
- „Во Македонија имаме околу 400 судии и крајно време е тие што се 10, 15, 20 што не работат по законите да ги тргнеме од нашите редови“.
- Камбовски не сакаше да одговори на прашањето дали се води некаква постапка за судијата на Апелацискиот суд Скопје, Енвер Беџети, кој заедно со поранешниот вицепремиер и висок функционер на ДУИ, Артан Груби, се најде на американската „црна листа“, поради вмешаност во висока корупција, односно дека примил мито за да застари предметот „Таргет-Тврдина“ во кој првообвинет беше ексдиректоорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков.
- Обвинетиот поранешен директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, кој повеќе од една година беше во бегство, утрово самиот се предал и бил уапсен.
- Бајрами, заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби и уште шест лица, е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластувања во врска со набавка на терминали за коцкање во државната компанија.
- МВР во декември 2024 година објави меѓународна потерница по Бајрами. Почна да му се суди во отсуство.
- Груби, кој исто така повеќе од една година беше недостапен за органите на прогонот, се предаде на граничниот премин Блаце во февруари годинава, по што му беше определен куќен притвор.
- Судењето за случајот продолжува в петок.
- Администрацијата на Трамп минатата недела продолжила со обработката на барањата за имигрантски визи само за Унгарија и Полска, но ја задржа привремена глобална пауза во закажувањето интервјуа за сите други земји.
- САД во јануари воведоа забрани за патување за државјани од десетици земји, воведоа високи такси за одредени работни визи и наложија сите апликанти да поминат низ проверка на нивната историја на социјалните мрежи.
- Откако федерален судија во август ја поништи забраната, Стејт департментот ги прекина интервјуата за имигрантски визи во сите свои дипломатски претставништва ширум светот.
- Вашингтон во исто време воведе нова програма за обука на службениците, за да проценат дали апликантите ќе можат самите да се издржуваат во САД, без да зависат од јавна помош.