- Либералната партија на Марк Карни победи на парламентарните избори во Канада, но не стигна до мнозинство во парламентот.
- Проекциите покажуваат дека либералите ќе имаат околу 160 пратеници, а конзервативците близу 150. За мнозинство потребни се 172.
- Карни најверојатно ќе биде премиер на малцинска влада, која ќе се потпира на поддршка од Блокот Квебек.
- Резултатите одразуваат голем пресврт на политичката сцена. Пред само три месеци, кога премиерот Џастин Трудо се повлече, неговите либерали на анкетите заостануваа над 20% зад конзервативците.
- На Карни, поранешен гувернер на централната банка без искуство на политичка функција, му помогна американскиот претседател Доналд Трамп, кој упорно бара Канада да стане 51 сојузна држава на САД.
- Министерството за внатрешни работи на Шпанија прогласи вонредна состојба во регионите погодени од општиот прекин на електричната енергија.
- Мадрид, Андалузија и Естрамадура побараа од централните власти помош за одржување на јавниот ред и основните функции.
- Откажани се авионски летови, во градовите не работат семафорите, луѓето немаат пристап до сигнал од мобилната мрежа и до интернет.
- Електродистрибуцијата Ред електрика вечерва објави дека е обновен пристапот до струја во 20% од погодените региони.
- Без струја остана и голем дел од соседна Португалија.
- Причината за колапсот на мрежата не е познат, но се смета дека имало повеќе дефекти.