Нова кривична за Стевчо Јакимовски и за две службенички во Карпош
15 септември 2026
- Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за економски криминал и корупција во координацијa со СВР Скопје Единица за економски и компјутерски криминал, постапуваше по издадена наредба од ОЈО Скопје и по преземени мерки и активности до ОЈО Скопје достави кривична пријава против:
- Благица Блажевска за четири кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување,
- Симона Серафимовска Ѓуреска за две кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување и
- Стевчо Јакимовски. - Двете ја злоупотребиле својата службена положба и овластување зашто иако знаеле дека инвеститори имаат основен проект изработен спротивно на важечкиот урбанистички план, наместо да им го вратат предметот на доработка, им издале одобрение за градење.
- Поранешниот градоначалник на Карпош се товари за кривично дело несовесно работење во службата.