- „Нема шанса“, одговори Здравко Ристов, татко на судијата Ѓоко Ристов, откако обвинителката го соочи со резултатите од вештачењето, според кои на пронајдените пари не биле пронајдени биолошки траги од него или од неговата сопруга.
- Постариот Ристов тврди дека парите пронајдени во семејната куќа во Неготино се негова и заштеда на сопругата, создадена со повеќедецениска земјоделска работа.
-
Мајката на судијата, пак, рекла дека мажот печалел пари но и таа плетела, и до два-три часот по полноќ.
-
Обвинителката Искра Хаџи Василева изјави дека сведочењата на неговите родители не се поткрепени со останатите материјални и други обезбедени докази.
-
„Маргината на веродостојност и емоции е јасна – станува збор за родители и дете“, рекла таа.
-
Одбраната на апелациониот судија за сведок го повика и кримтехничарот кој вршел увид и според неговото сведочење, не бил доследно спроведуван протоколот за вакви случаи, што одбраната ќе го искористи за да го убеди судот дека билошките докази од лице место се компромитирани.