Ни „Дурмо турс“ ни „Беса транс“ ќе одговара; според законот нема како да одговараат
24 ноември 2021
- Автобусите на Дурмо турс продолжија да возат (и да добиваат тендери) додека трае судската постапка за несреќата во Ласкарци, а веројатно и потоа, затоа што во Кривичниот законик под сообраќајни деликти не постои одговорност за правни лица.
- По иста основа нема да може да одговара ни правното лице „Беса транс“.
- Истото важи и за компании од сите други видови превоз.
- За Дурмо турс се уште на суд е неговиот сопственик, Дурмиш Белули. Судењето до сега имаше над 100 рочишта и никаде не мрда.