Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Нишанел во бирото за имиграција, застрелал мигранти

25 септември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Џошуа Џан (29) е снајперистот што вчера пукал врз Центарот за имиграција и царина (ICE) во Далас, пред самиот да се застрела. Убил едно лице и критично ранил уште две - сите тројца илегални мигранти. 
  • Телото на Џан било пронајдено на покрив на зграда оддалечена 200 метри од центарот. На еден од куршумите што не ги употребил било напишано Anti-ICE, што укажува каква му била намерата, но не го објаснува целосно мотивот.

This morning just before 7am local time, an individual fired multiple rounds at a Dallas, Texas ICE facility, killing one, wounding several others, before taking his own life. FBI, DHS, ATF are on the ground with Dallas PD and state authorities.

While the investigation is… pic.twitter.com/SMOyxiKLqA

— FBI Director Kash Patel (@FBIDirectorKash) September 24, 2025
  • Џан, кој живеел во Фервју, Тексас, пред девет години бил приведен поради продажба марихуана и бил осуден на 100 часа општествено корисна работа. Неговиот брат тврди дека немал посебен гнев кон бирото за миграција ниту бил многу заинтересиран за политика. Студирал машинство, па компјутерски науки и бил невработен.
  • Претседателот Доналд Трамп, потпретседателот Џеј Ди Венс и министерката за домашна безбедност Кристи Ноем го опишаа снајперистот како „насилен левичарски екстремист“.
извор

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
  • Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
  • Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
  • За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
  • Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
извор

Прв септември без урагани во Атлантикот во овој век

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
  • Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
  • Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
  • Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
  • Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

АНБ со мирис на УДБА

4

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
5

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

6

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

7

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
8

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Македонштина
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

5

Нафтата повторно поминува преку Ормуз како пред војната

6

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
7

Почина Биљана Плавшиќ

8

Грок го наговорил Трамп да оди во војна

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

За кое сте?

Рецепт за "Богати и славни"

Жива е!

Куме, мораше ли вака?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy