Позитивно е тоа што ниту Нова демократија ниту ВМРО-ДПМНЕ немаат намера да го урнат мостот што со толку напор го изградивме, рекол поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров за „Катимерини“.
Нас да нè пофали Димитров, сериозно би се замислиле. Ама, тие си знаат.
Митрополитот Пимен признава дека згрешил со повикот за референдум за промена на името. Ова го кажа во поткастот на Слободен печат.
„Од оваа перспектива секако дека мојот повик до граѓаните да излезат на референдумот за промена на името во 2018 година го сметам за голема грешка. Практично, некој мене ме излажа, а јас ги излажав останатите“, вели Пимен, објаснувајќи дека тогаш бил уверен оти процесот ќе донесе нешто подобро, а не подлабоко разочарување.
„Јас мојот потег го чувствувам како своја грешка и како своја наивност“, вели владиката.
п.с. После ова, ќе мора да најдеме некоја нова тема за кавга со нашиот другар Пимен. А што се мора, не е тешко :)