- Маж не ѝ дал на сопругата да вози пијана. Ѝ рекол тој ќе вози, само да ја плати пијачката. Тргнала таа пешки и загинала кога ја прегазило друго возило.
- Полицијата решава да го тужи за убиство од небрежност тврдејќи дека тој ѝ ги фрлил клучевите од колата преку пат и дека загинала одејќи по нив.
- А не ги фрлил клучевите и сега тој ја тужи полицијата.
- Српскиот медиумски регулатор РЕМ изрече неколку казни за телевизијата Информер.
- Казнети се со петдневна забрана на емитување реклами а добија и две забрани за емисијата Колегиум во траење од 10 и 15 дена.
- Казните се изречени заради навреда на член на РЕМ и повреди на правилникот за известување за време на изборната кампања.
- На истата седница на РЕМ казни добија и телевизиите Прва и Курир (види овде).
- Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја номинираше Кристи Мекормик од Калифорнија за нова американска амбасадорка во Македонија, на местото на Анџела Агелер, која ја извршуваше функцијата до јануари годинава.
- Номинацијата вчера официјално била доставена до Сенатот, кој треба да ја одобри со гласање од Комитетот за надворешни работи.
- Мекормик не е дипломат од кариера, но работела како виш правен советник во амбасадата на САД во Багдад.
- Од 2014 до 2026 година била комесарка и претседателка на независната федерална Комисија за изборна помош на САД, а претходно извршувала правосудни и државни функции во сојузната држава Вирџинија.