- На 31 годишна возраст, почина Џетро Лазенби, син на музичарот Ник Кејв, кој работеше како модел за големи модни куќи како Баленсиага и Версаче.
- Во март физички ја нападнал својата мајка Бо Лазенби. Неговиот адвокат обелодени дека боледува од шизофренија. Од австралиски затвор беше пуштен минатата недела.
- Претходно, Ник Кејв го изгуби синот Артур кој на 15 годишна возраст загина паѓајќи од висока карпа. Кејв има уште два сина.
- Експериментот во кој вештачка интелигенција изразила „неподносливо страдање“ предизвика дебата во врска со свеста на машините.
- Антропик планира да забрани „малтретирање“ на својот чет-бот, Клод, верувајќи дека e можно да настане и да се развие свест кај вештачката интелигенција.
- Од една страна, поддржувачите на „добробитта на вештачката интелигенција“ сметаат дека ова е разумна морална обврска што поттикнува побезбедна коегзистенција.
- Од друга, критичари предупредуваат дека припишувањето на свест на машините ја префрла одговорноста од корпорациите на самиот софтвер, создава услови за манипулација со луѓето и претставува катастрофална закана за општеството и човековите права.
-
- Рускиот претседател Владимир Путин предложил троен самит со Доналд Трамп и Си Џинпинг за постигнување договор за крај на војната во Украина. Зеленски не е поканет.
- Путин го предложил самитот за време на телефонскиот разговор со Трамп на 9 октомври, кога постигнаа договор за продажба на руски дизел на глобалниот пазар. Трилатералната средба, според Кремљ, би се одржала на маргините на состанокот на Азиско-пацифичката економска соработка на 18 и 19 ноември во кинескиот град Шенжен.
- „Сè уште нема јасен договор за средбата и за агендата, иако сите три страни не ја отфрлаат можноста за одржување на таков самит“, изјави за Волстрит журнал портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
- Руските претставници ја пренеле идејата до Пекинг преку дипломатски канали. Кинеската страна сигнализирала дека нема да има ништо против, доколку се согласи и Трамп. Висок американски функционер изјави дека Трамп е „отворен за оваа идеја“.
- Трамп вчера го критикуваше Зеленски поради украинските напади врз нафтен терминал во Санкт Петербург. „Тој не сака да ја заврши оваа војна, а веројатно никогаш и не сакал“, порача Трамп.