Податоците од ‘Мој термин’ покажуваат дека во 2025 година има 33 отсто зголемување на боледувањата до 30 дена, споредено со 2021 година, година на ковид пандемијата.
„Денес бележиме дополнително зголемување од 33 отсто, односно повеќе од 300.000 боледувања во текот на 2025 година“, рекол министерот за здравство, Сашо Клековски.
Во боледувањата доминираат две главни дијагнози – респираторни инфекции на горните дишни патишта, и гастроентеритисот.
Во однос на долгите боледувања, иако нивниот број останува релативно стабилен – околу 25.000 годишно – има значително зголемување на средствата што се исплаќаат за нив.
„Правилата за боледување не се ревидирани од 2012 година. Поминаа 14 години, што е доволно време да се разгледаат боледувањата“.
САД затвориле повеќе од 1.000 интернет-домени кои нелегално пренесувале натпревари од Светското првенство во фудбал.
Цел на Операцијата „Офсајди“ во САД била заштита на авторски права и намалување на ризикот за Американците од злонамерен софтвер, кој е вграден во многу нелегални сервиси за стриминг.
На глобално ниво била спроведена Операцијата „Црвен картон“ против хакирање и кршење на правата од интелектуална сопственост. Низ Латинска Америка биле блокирани над 2.000 веб-страници за нелегален стриминг. Се приклучиле и европските власти координирани преку Европол но не се објавени конкретни податоци.
ФИФА објави дека преноси, снимки и други содржини од Светското првенство на нејзините платформи имале рекорден број од 20 милијарди прегледи. Тоа е зголемување за 485% во споредба со минатиот Мундијал од 2022 година.