- Додека Европа планира да крева воздушен штит поради надлетувањата на мистериозни дронови, аеродромот во Вилнус во саботата вечер бил затворен поради воздушен шверц на цигари.
- Воздушниот простор на Литванија го нарушиле 25 мали балони со топол воздух натоварени со пакети со цигари. Откажани биле 30 летови со околу 6.000 патници од главниот аеродром. Пограничната полиција успеала да приземји 11 балони и запленила 18.000 штеки цигари.
- „Белоруските шверцери сè почесто користат балони, кои се поевтини од беспилотните летала, за шверцување цигари во ЕУ“, објави портпаролот на Центарот за управување со кризи, Дариус Бута. Слични инциденти имало и во август. Лани биле пресретнати 966 шверцерски балони што долетале од Белорусија.
- По два инциденти во јули литванскиот парламент одобри примена на сила за соборување беспилотни летала што го нарушуваат воздушниот простор на земјата. На 10 јули дрон од руско производство што долетал преку Белорусија се урнал во регионот на Вилнус, а на 28 јули уште еден паднал близу воен полигон.
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.