- Најмалку 492 лица се убиени во жестоките воздушни напади на изрелската војска во јужен Либан, најсмртоносниот ден во речиси 20 години.
- Десетици илјади семејства ги напуштија своите домови откако Израел удри по 1.600 мети за кои е убеден дека се упоришта и скриени ракетни лансери на Хезболах.
- Либанското министерство за здравство соопшти дека меѓу убиените има 35 деца и 58 жени. Повредени има над 1.600.
- Во меѓувреме, Хезболах истрелале преку 200 ракети во северен Израел.
- Генералнииот секретар на ОН, Антонио Гутереш, стравува дека јужен Либан станува „новата Газа“
- „Цела цивилизација ќе умре вечерва, за никогаш повеќе да не се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи“, порача Доналд Трамп во безумна закана за уништување на Иран.
- Тој цврсто стои до ултиматумот што му постави на Техеран до вечер во 20 часот според американско време да го деблокира Ормускиот Теснец. Ако не, ќе нареди „пеколни“ напади кои „ќе го вратат Иран во Камено доба“.
- Трамп отворено се закани дека ќе ги уништи мостовите, енергетските постројки и централите за десалинизација, што би оставило десетици милиони Иранци без струја и вода. Тоа, според сите критериуми е воено злосторство насочено против цивили.
- Трамп остави мал простор да ги откаже нападите во последен час, како и во претходниот ултиматум до Техеран пред две недели: „Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, каде што преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно прекрасно, Кој знае?“.
- И самиот дава одговор: „Ќе дознаеме вечерва, еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот. 47 години изнудување, корупција и смрт конечно ќе завршат. Бог да го благослови великиот народ на Иран!“.