Самопрогласената република Нагорно Карабах престанува да постои откако нејзиниот претседател, Самвел Шараманјан, потпиша декрет за распуштање на сите пара-државни институции од први јануари 2024 година.
Претежно населен со Ерменци, сепаратистичкиот Нагорно Карабах не беше меѓународно признат државен ентитет но со децении функционираше издвоено од Азербејџан.
Азербејџан пред десетина дена покрена голема воена офанзива и за само еден ден про-ерменските борци го признаа поразот по што уследи масовен егзодус (околу 65.000) на Ерменците.
Данела Арсовска била вербално и физички нападната кога посетила објект во изградба кој немал потребни дозволи, каде се крадела струја и вода и за кој не биле платени никакви давачки.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека физички контакт имало, но дека е лага и повторен обид за манипулација на јавноста тоа дека нападот се случил пред очите на полицијата.
Плусинфо објави снимка од надзорна камера која покажува друга верзија на настанот. „Данела Арсовска прва започнува со напад при денешната обиколка на дивоградби во Општина Чаир. Таа со клоци удира маж кој потоа и возвраќа со напад“, пишува порталот.
Наспроти ниската стапка на наталитет во речиси сите членки, Европската Унија сега има рекордно висок број жители поради „зголемените миграторни движења“ по пандемијата на ковид во 2021 година, покажуваат најновите статистички податоци.
„Од 2012 година наваму негативниот природен прираст во ЕУ е помал од позитивната миграција“, наведува Еуростат.
На почетокот на годинава ЕУ имала 450,4 милиони жители, што е апсолутен рекорд. Тоа е за околу 1 милион повеќе во споредба со 2024 и четврто по ред зголемување од година на година.
Од 1960 година населението на ЕУ се зголемило за 95,9 милиони, главно поради проширувањето со нови членки.
Денес најмногу жители има Германија (83,6 милиони), а најмалку Малта (0,6 милиони). Речиси половина од населението е концентрирано во Германија, Франција и Италија.