- Во телефонски разговор со Бајден пред НАТО самитот во Вилнус, Ердоган порачал дека Турција „има желба да го оживее процесот за членство во ЕУ.“
- Турскиот претседател порачал дека за време на самитот на НАТО би сакал земјите членки на ЕУ да испратат „јасна и силна порака“ за поддршка на турската кандидатура за членство во Унијата.
- Бајден и Ердоган ќе се сретнат во живо и во Вилнус.
- Неименувана земја од ЕУ го спречила објавувањето на бугарската комеморативна монета од 2 евра во чест на кирилицата и поднела приговор поради натписот „бугарската азбука“.
- Не е спомнато која земја ја дигнала рампата, но се шпекулира дека е Словачка, Хрватска или Словенија, па дури и Австрија.
- Во описот на монетата се наведува дека дизајнот е композиција од кирилични букви „со идеја да се нагласи придонесот на Бугарија кон третата официјална азбука на Европската Унија“. Автори на проектот се Светлин Балездров и Стојан Дерчев.
- Монетата требаше да биде пуштена во оптек во втората половина од 2026 година во 1 милион примероци.
- Американнски сили извршиле три прецизни напади врз ирански радари и конролни центри, како одговор на соборувањето на хеликоптер „апачи“ во близна на Ормускиот проток во вторникот.
- Како одговор, Исламската револуционерна гарда на Иран изврши напад со беспилотни летала врз Петтата флота на САД во Бахреин. Нема податоци за предизвикана штета.
- Трамп претходно не бил убеден во потребата од одмазда против Иран и го минимизираше соборувањето на хеликоптерот, повторувајќи дека „не е голема работа“ и дека двајцата пилоти се евакуирани. Се предомислил откако шефот на Пентагон Пит Хегсет и генералот Ден Кејн му доставиле ажурирани податоци дека ирански дрон „шахед“ го погодил хеликоптерот и препорачале воена акција.
- Техеран објави дека „не го погодил намерно“ хеликоптерот. „Странските сили во близина на нашата територија се во постојан ризик поради сопствените човечки грешки, обични несреќи или може да бидат фатени во вкрстен оган“, објави министерот за надворешни работи, Абас Арагчи.