- За еден степен подолу спуштен е кредитниот рејтинг на Америка заради загрижност околу финансиите и кредитниот товар на земјата.
- Агенцијата Фич ѝ одзема едно „А“ па го спушти рејтингот од AAA на AA+, коментирајќи дека во последниве 20 години се забележува „стабилно влошување“ на финансиската кондиција на САД.
- Првата дама на американскиот трезор, Џенет Јелен е убедена дека одлуката на Фич е арбитрерна.
- Околу 20-30 луѓе во период од 6-7 години не се имаат појавено на работа во Институтот за јавно здравје а редовно земале плата. Сите биле уредно регистрирани во системот за евиденција на работа, за што им плаќале на одредени колеги по 200 евра.
- Освен редовната плата, вработени во Институтот земале и пари преку договор за дело, на пример за полевање на двор.
- Ревизија не е направена од 2017 а деновиве Државниот завод за ревизија изрази негативно мислење за работата, во периодот кога директор бил д-р Шабан Мемети.
- Директорката на Институтот, д-р Марија Андоновска, одела по канцеларии и ги прашувала луѓето што им е работа, некои признавале дека не знаат бидејќи и онака не доаѓаат баш често.
- Се случувало архивар да зема основна плата од 98.000 денари, но да добива и други надоместоци.
- „Дел од работите веќе се јавно изнесени, очекував дека до сега нешто ќе се случи, декаЈавното обвинителство ќе ги слушне овие работи, ќе почне некаква постапка, но да се надеваме дека кога го имаме и формално-правно извештајот од Државен завод за ревизија, можеби сега ќе реагира Јавното обвинителство“, вели Андоновска.
- Папата Лав XIV ја назначи Марија Монсерат Алварадо, претседателка на американскиот католички медиум EWTN News, на челото на моќниот оддел за комуникации на Ватикан.
- Како префект на дикастерија на Светата столица, Алварадо ќе ги надгледува порталот, радио-станицата, весникот L’Osservatore Romano, прес-службата, издавачката куќа и филмската библиотека на Ватикан.
- Американката родена во Мексико Сити на 1 ноември ќе ја преземе улогата од Паоло Руфини, кој се пензионира.
- Ова се толкува како знак дека Лав, првиот папа роден во САД, ја продолжува мисијата на својот претходник Франциск, кој назначи неколку жени лаици во високите ешалони на Ватикан и го критикуваше „шовинистичкиот менталитет“ на католичката црква.