На легендарниот и уникатен музичар и бекрија, Милиќ Вукашиновиќ (Ватрени пољубац, Бијело дугме), рокер кој правеше фолк хитови (Ханка Палдум, Тома Здравковиќ), во Белград му била ампутирана левата нога (до колено) заради неподносливи болки.
Проблемите почнале летоска и било утврдено дека се должат на анеуризам, кој е опасен ако пукне и човек може да умре.
„Нема на еден "доктор за рокенрол' една исечена нога да му го уништи животот,“ порача Милиќ после операцијата.
Од сезоната 2027/2028 па натаму, Шведска ќе користи само вакцина против коронавирус базирана на протеини во своите национални кампањи за вакцинација. Таа е првата земја во светот што се збогува со проблематичните мРНК вакцини на Фајзер и Модерна.
Нуваксовид е класична протеинска вакцина. Содржи готово парче од вирусот чиј протеин му се презентира на телото директно за да изгради имунолошки одговор. Се разликува од мРНК вакцините каде што клетките на телото мора сами да го произведат шилестиот протеин по добивањето на мРНК инструкцијата. А тоа се покажа како процес кој носи ризик од автоимуни реакции.
Шведска избра свој за време на пандемијата, не спроведувајќи карантини и затворања на училиштата. Нивниот пристап наидуваше на жестоки критики од ортодоксните блокадери ширум светот но сумарните резултати подоцна покажаа дека не биле глупи.