Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

На ладно се чека по 4 саати за лична карта или пасош

20 декември 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Надвор е ладно, едвај неколку степени над нулата. Сега е 9 часот, ама тие што успеале да се доближат до самиот влез се дојдени уште во 5. Гледаат испитувачки кон оној „што сака само да праша“ (фраза која постојано се слушаше), бидејќи не им е сеедно ако по 4 часа чекање, некој туку-така пред нив влезе во објектот каде што се поднесуваат барања за нов пасош, лична карта или возачка дозвола.
  • Може и побрзо, ама со над 6.000 денари за пасош.
  • Сето тоа затоа што ни го сменија името, иако на рефендум мнозинството ја игнорираше понудата да смениме име за да влеземе во ЕУ и НАТО.
  • „Треба тие нас да ни платат, не ние нив“, порачува еден од чекачите преку Призма. „Ова ми е четврти пат како доаѓам. Првиот пат успеав да стигнам и до скаличката пред влезот, ама затворија, било крај на работното време“, раскажува друг. „Сега нека сменат во Јужна па пак да чекаме,“ предлага трет.
извор

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
  • Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
  • Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
  • Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
извор

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
  • Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
  • Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
  • Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
  •  На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Зденка цела да е

Македонштина
2

Фудбалски распад систем на Македонија

Фудбал
3

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
4

Самоил и дупките

Балканштина
5

Туѓото лесно се подарува

Балканштина
6

Мирисот на Мосад

Разно
7

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

8

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

1

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
2

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

3

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

4

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

5

Кој ги запали младите во Франција?

Мислења
6

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

7

АНБ со мирис на УДБА

8

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Самоил и дупките

Балканштина

Поетски толкувања

Балканштина

Туѓото лесно се подарува

Македонштина

Зденка цела да е

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Купче интимни контакти

Извинете ако рушиме идила

Сипаниците ја бришат меморијата на имунолошкиот систем

Неподносливата леснотија на наоѓањето фашизми

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy