- Холандија и понатаму одбива да го услиши барањето на САД да престане да и продава на Кина опрема за производство на микрочипови.
- Холандската АСМЛ е клучната компанија на светско ниво за производство на машини што произведуваат микрочипови.
- САД побараа од тамошната влада компанијата да ја прекине соработката со Пекинг за Кина да не се стекне со капацитет за производство на чипови каков што денес има Тајван.
- Холандскиот министер за надворешна трговија порача „Важно е да ги одбраниме нашите интереси - нашата национална безбедност, но исто така и економските интереси.“
- На татко од Исланд, надлежните социјални служби му го одзеле старателството над неговиот син затоа што негодувал околу идејата и планот за промена на неговиот пол.
- На Алексадре Роча, француски државјанин кој 25 години живее на Исланд не му било сеедно за долгорочните ефекти на блокаторите на пубертет и хормонските терапии кои се дел од „транзицијата“.
- Вели дека син му е збунет, дополнително трауматизиран од разводот на неговите родители и дека на тој пат го навеле „експерти“ кои за зафатиле со неговата емотивна и ментална нестабилност.
- Уште само ова: станува збор за дете од 11 години. Со аутизам.
- Администрацијата на Доналд Трамп испитува како врз економијата би се одразил можниот скок на цените на нафтата до 200 долари за барел. „Целта е да се осигури дека администрацијата е подготвена за сите непредвидени ситуации, вклучително и продолжен конфликт“, велат извори на Блумберг.
- Портпаролот на Белата куќа, Куш Десаи, го нарече извештајот „лажна вест“. Министерот за енергетика Крис Рајт на 12 март изјави дека поскапување на нафтата на преку 200 долари за барел е „малку веројатно.
- Суровата нафта од 200 долари би била огромен шок за светската економија. Тоа ниво, со пресметана инфлација, било достигнато само еднаш во последниот половина век - во 2008 година, непосредно пред глобалната финансиска криза.
- Блумберг предвидува дека ако нафтата достигне 170 долари за барел, тоа за неколку месеци ќе ја зголеми инфлацијата за САД и Европа и ќе го намали економскиот раст.